|
|
Никој нема право да тргува со националните интереси |
Свекрва Никој нема право да тргува со националните интереси Во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12-ти април, во неделата, на 16 – ти февруари Собранието на Македонија се распушти. Со овој чин заврши со работа најкорумпираниот и најкриминалниот парламентарен состав од постоењето на македонската држава. Овој состав ќе остане запаметен во историјата на македонскиот народ по многу незаконски одлуки и прекршување на Уставот. Пратениците на СДС и нивната коалиција, дојдоа на срамен начин, така владееја и така заминаа. Од самиот старт пратениците од корумпираната и криминогена коалиција го испоганија законодавниот дом - Собранието на Македонија, прекршувајќи ги притоа Уставот, Законите и процедурите. Талат Џафери беше избран дури по завршувањето на регуларната седница без притоа да се утврди колку пратеници гласаа за него. Иако лидерот на СДС Зоран Заев пред да го добие мандатот достави гаранции до тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов за заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, потоа уставнит поредок на државата, како и тоа дека носењето на одлуките ќе биде во согласност со правото, со Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употребата на јазиците тој го загрози опстанокот на македонскиот народ и неговата држава. Под диригентска палка на Зоран Заев, пратениците на СДС, го игнорираа референдумот на кој граѓаните на земјата јасно ставија на знаење дека се против промената на уставното име. Под притисок и уцени од владеачката коалиција, пратенииците се согласија за отварање на Уставот и потоа за негово менување. Некои дури беа пуштени од домашен притвор само за да гласаат за промена на уставното име. Ваквиот однос не беше толериран од тогашниот претседател Иванов кој не го потпиша указот и размислуваше за активирање на гаранциите на Заев. Меѓутоа тие никогаш не беа активирани и Договорот од Преспа и Законот за јазиците влегоа во Службен весник само со потпис на Талат Џафери. На крај од мандатот на ова парламентарно собрание се случи разрешувањето и на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи само затоа што е еврејка и стоела пред табла со уставното име Република Македонија. Овој настан како и гласањето за Законот за јавно обвинилтелство во Собранието, кој во првичното гласање не доби доволно гласови, а потоа на срамен начин, на сила беше донесен, покажа ужасно газење на правдата, на едно фашистичко владеење на заевистите, кои сакаат да го заплашат македонскиот народ пред следните предвремени парламентарни избори. И покрај прекршување на Уставот и Законите од страна на коалицијата предводена од Социјалдемократите, преставниците на САД, НАТО и ЕУ во текот на мандатот на овој парламентарен состав молчеа. Владеењето на овие структури, со отсуство на вистинска правда, потоа отсуство на економски развој и стагнација во стопанството, беше една од главните причини за масовно иселување на младите од земјата во последно време. Сето ова укажува дека СДС која направи непроценливи штети на Македонија, неславно и срамно ќе замине од власта. Меѓутоа, овој пат некој мора да ја плати казната за предизвиканата штета. Не може вечно да се остават неказнето челниците кои работеле спротивно на националните интереси, на луѓето кои заради лични интереси му нанеле огромни штети на македонската држава. Свесни дека ќе ги изгубат следните избори и дека ќе треба да одговараат пред судот на народот, повеќе челници на СДС одамна почнаа да ги префрлуваат средствата од чантите Луј Витон на сметките во странство, каде веќе имаат добиено државјанство, имаат купено имоти и отворено фирми. Тоа мора да биде поука за идната власт и таа треба да направи се што е потребно за да се спречи таков чин во корен. А изречените казни треба да бидат пример за во иднина, дека никој нема право да тргува со националните интереси. |