Среда, 19 Февруари 2020   
ДОЈДЕ ВРЕМЕ ПРИТВОРЕНИЦИ ДА ПОСТАВУВААТ РЕД

rubincoДипл. ЕКК. Рубинчо В. Јованоски, новинар и довчерашен,одбојкарски судија од Прилеп

Во една демократска држава кога во истата ќе функционира подеднакво за сите словото на законот, а посебно слободата на говорот, каде не само новинарите,  него и следствено на тоа и обичниот граѓанин, кога со свои предлози и сугестии ќе биде еден вид коректор на власта, ќе можеме слободно да кажеме дека нашата мила и низ векови малтретирана и напатена Република Македонија оправдано чека прием за членка под Европскиот чадор, а на крајот на годината да стане и 30-та членка на НАТО алијанската.

Но, кога дојде ред некогашни притвореници да поставуваат ред во државата тогаш сигурно нешто не функционира во врвот на власта.

За што всушност станува збор?

Како општествено одговорна и јавна личност не само во градот под Марковите кули него и пошироко во сега далечната 1992 година на понуда на доајенот на прилепското спортско новинарство Драгољуб – Драги Башески станав активен хонорарен новинар во прво време за спорт, а потоа користејќи го правото на слобода на говор станав и политички аналитичар. Како плод на успешната работа во 2001 година по препорака на тогашната агенција за млади и спорт на Општина Прилеп, а по предлог на моите колеги спортски новинари бев прогласен за најдобар новинар во таа 2001 година за Општина Прилеп.

Новинарството ми е хоби но истото ми е одскочна даска за сите мои животни предизвици што стојат пред мене.

Исто така, од 1992 година па може да се нагласи и со спортски жаргон кажано до вчера бев делител на правдата на одбојкарските натпревари организирани од страна на ОФМ во машка и женска конкуренција.

Во 1993 година дипломирав на Економскиот факултет – Прилеп, насока – Економија на претпријатијата, а наредната 1994 година на Филозофскиот факултет во Скопје по предлог на сега упокоениот Проф. Д-р Јово Корубин ги положив педагошките предмети: Методика, Педагогија и Психологија со можност да предавам економско стручни предмети во средни економски училишта ширум нашата земја.

Во 1995 година бев примен од страна на еден  од основоположниците на ЈКП Комуналец Прилеп сега упокоениот директор Стојан Стојчески во истата фирма на местото финансиски книговодител, или економски кажано книговодител – синтетичар. Потоа, бев референт по план и анализа, одговорен за контролата на пазарните такси на тогашниот прилепски пазар, и одговорен за трошењето на нафтените деривати за лесни и тешки моторни возила во тогашното заедничко ЈКП Комуналец, и одговорен за поставување ред во работата на приватните фирми за поставување на споменици на градските гробишта. Овде да напоменам дека со мојата ангажираност за само еден месец потрошувачката на нафтените деривати за лесни и товарни возила во ЈКП Комуналец се намали за верувале или не за 1 месец за 2 тона. Исто така, се подобри и наплатата на пазарната такса на тогашното заедничко работење на ЈКП Пазари со ЈКП Комуналец – Прилеп.

Потоа бев референт по ДДВ и предложен за стручен соработник по здравје и заштита при работа. Но, поради несоодветната стручна подготвеност не можев да полагам стручен испит за таа бранша.

Последно место заклучно со 1 јули 2019 година ми беше советник по административни работи кога од директорот а некогашен притвореник Емил Јанески добив отказ без отказен рок, или со спортски жаргон кажано директен црвен картон.

Во оваа прилика сакам да нагласам дека во моето 24-годишно работно искуство во ЈКП Комуналец, а од 1 јули 2004 година ЈКП Водовод и канализација – Прилеп сум имал промени на 5 директорски гарнитури без никаков проблем но, за жал студентската 6 –та промена за мене беше кобна.

Уште од првиот ден беше јасно дека притвореникот Емил Јанески (замислете по вокација инспектор) ќе бара начини да ме избрка од работа. Таа желба му се сотвари. Но, без грижа на совест кога ми беше нарушено моето здравје. Постојано одев на лекарски испитувања за ни помалку ни повеќе него 5 болести. Па така, аналогно на тоа, морав постојано да користам боледувања.

  1.                На година и пол, поточно во далечната 1970 година сум примил вакцина против детска парализа (А тип), каде по 24 часа од примањето на истата сум добил висока телесна температура каде е оштетен очниот нерв на левото око. Па така приморан сум да носам очила, кои истите се многу скапи и не одат преку ФЗО и да примам витамински препарати со цел заштита и освежување на очниот нерв.
  2.                Во 2007 година бев хоспитализиран на психијатриската клиника во Скопје во одделение за биосоматски болести и каде се дијагностицира болеста F33.1  - рекурентно – депресивна личност. Тоа беше плод од секојдневните несогласувања со мојот брачен другар.

За оваа дијагноза морам да примам лекарства кои истите чинат (50 ЕУР) во денарска противвредност.

  1.                Во 2009 година на клиниката за уво, нос и грло во Скопје ми беше извршен оперативен надворешен зафат на десниот синус, од причини што на десната ноздра се појави “папилом“ кој за среќа беше бениген.
  2.                Исто така, направена ми е на клиниката за урологија во Скопје биопсија на простатата каде на краевите на истата се забележуваат канцерогени клетки. За овој здравствен проблем морам да примам медикаменти кои се многу скапи.
  3.                И на крајот, во Заводот за кардиоваскуларни заболивања Св Стефан во Охрид ми е направена коронографија на срце и каде по препорака на проф. Д-р Сашко Јовев од клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, “мора да се постави стент“.

За горенаведените мои болести треба да примам скапи лекарства, а поради мојата сегашна состојба како невработено лице без здравствено осигурување истите ми се многу и скапи.

Овој мој проблем ќе го дознаат во писмена форма следните личности:

1     Стево Пенадаровски – Претседател на Република Македонија

2     Талат Џафери – Претседател на законодавниот дом на Република Македонија

3     Оливер Спасовски – Техички премиер на Владата на Република Македонија

4     Претседател на ЗЕЛС

5     Претседател на Стопанска комора на Република Македонија

6     Претседател на Сојузот на синдикатите на Република Македонија

7     Претсдател на ЗНМ

8     Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан – Поглавар на МПЦ ОА

9     Митрополитот Г. Петар Владика на Преспанско – пелагониската епархија и администратор на Австралиско – Новозеландската епархија

10  Градоначалник на Општина Прилеп

11  Претседателот на Градскиот совет на Општина Прилеп.

12  Седиштето на ЕУ – Скопје

13  Амбасадите на САД, Франција, Германија

14  Приватна кривична пријава против притвореникот Е.Ј. до судот за човекови права во Стразбур.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.