Среда, 26 Февруари 2020   
ВЕЈКАТА НА ВЕТРОТ

slob    

“Луѓето се незадоволни од реалноста и затоа фантазираат. Замислуваат, желбите како си ги исполнуваат. Силните личности, овие желби ги претвораат во реалност, а слабите живеат во нивниот свет и нивните фантазии се симптоми на болест,“ – ова е психоанализа на Зигмунд Фројд. Да беше жив, во Македонија ќе имаше многу пациенти, и ќе се мачеше до недоглед исправајќи ги нивните маани.

 Несомнено се раѓаме како бела книга, во која се впишуваат секоја секунда сите искушенија пред кои Бог не’ проверува: Достојни сме или не за живот. Се раѓаме како зоон политикон со сите предизвици на животот низ кои минуваме.

 Што имаме ние денес? Лаги, стрес, страв и сиромаштија, најлошиот избор за еден нормален живот што не’ исполнува со очај и безнадеж. И, кој е виновен за сето ова? По онаа народната: Тој што тикви садел со ѓаволот, тикви на глава му растат, тиквите од глава му се удираат! 

 И беа бомбите кои на најнечесен начин се монтираа, сечеа и лепеа, соодветно и експлоатираа, со единствената цел, да се симне од власт една партија која била конзистентна во делот на одбраната на националните белези, името, јазикот, културата и историјата.

 Беше симната од власт со насилство, за на сцена да дојдат егзибиционисти на чело со нивниот лидер кој како вејка го однесе ветрот.

 Самиот Заев, пред сета македонска јавност, призна дека на државникот не му ја честита октроираната победа. Со еден збор, го откачи! Впрочем, претседателот Пендаровски беше свесен дека ја немал ниту ќе ја има вистинската поддршка од неговата партија СДСМ.

 Пендаровски тоа го увидел и на парламентарните избори 2016 година, кога го ставиле како носител на втората изборна единица и кога со прст не мрднале за него, посакувајќи да изгори. Од таа причина, претседателот Пендаровски веднаш по обелоденувањето на најголемиот скандал “Рекет“, под итно побара да се обелодени.

 Претседателот Пендаровски ќе каже “…се’ имавме, секакви политичари, но најлош политичар во поновата македонска историја е токму Зоран Заев. Полош, што не можеше да се појави на македонската политичка сцена, притоа редејќи ги и останатите од неговата тајфа…“

 Да не го заборавиме и скопското крило или блиските на Бранко Црвенковски, кои воопшто не му се наклонети на Заев, меѓу нив и еден поранешен пратеник од редовите на СДСМ, во еден неврзан разговор категорично ќе каже: “Што се замислува Заев? Што се треска од земја со Преспанскиот договор и со промената на името? Само не’ доуништи! Да сакавме, и ние тоа го можевме!“ 

 До кога ќе ја гледаме оваа бурлеска без порака, туку само со една поука, дека од секоја прачка свирче не бива.

 Не’ очекуваат избори, ете го слушнав и тоа што со години го заговарам како автор на еден најгледан и најпочитуван народен парламент “Гласот на народот“, кој речиси 20 години се движи во етерот, искрено со големи удари, падови, успони, дискредитации.

 Но, барем се слушна пораката на неговото височество “Гласот“, како психолошки тест за секој народен пратеник! Прифатлив е и полиографот.

 Да, тоа е моментот на вистината, на парламентарната култура и демократија! Тука е и решението, без импровизации и протекции!

 Потребни се нови ликови, нови имиња без криминално или психосоматско досие, чисти и искрени, најпрвин во своите домови, работни средини и секако во општеството!

 Тоа се вистинските формули за излез од овој ќорсокак во кој се наоѓаат изминатите девет паламентарни избори по ред.

  Не може и не смее “тапетари“, лепачи на плакати да бидат министри, амбасадори, директори или функционери! Тоа е тотална дискредитација, пред се’, на чесниот народ, или електоратот.

 Народот е власт но, за жал, тоа се случува само до 07 до 19 часот во траење од 24 часа или 2 дена, или по 20 секунди откога поединецот ќе се најде зад параванот давајќи го својот глас со крукче! 

 И, сега доаѓаме до обединувањето. Ослободување и отфрлање на секој “мешетар“ и “мегафон“ кој работи за разни центри и сили за се’, освен за Македонија и Македонскиот народ!

 Не станува збор само за Македонците по род, туку и за Македонците по државјанство, за сите честити граѓани на државата Македонија кои сакаат да ја задржат, сочуваат во нејзините постојни граници, да ги запазат своите белези, име, јазик, култура, историја, пред се’, идентитетот и се’ што значи национално благо.

 Возможно ли е ова, или е утопија?

 Секако е возможно, доколку сите заедно сме обединети, да му се спротивставиме на злото или слугите на нечистивиот предводени од грофот “Дракула!“

 Македонија има простор, капацитет и енергија да ги сплоти и склопи сите коцки од мозаикот “Македонија“ со дигнитет и вечност, само да се згаснат апетитите на мегаломанство или егоцентричност, секако никако со егзибиционизам, во спротивно, ветрот не’ однесе или ќе бидеме вејки на ветрот како што досега не’ возеле во крив правец!

 И покрај се’, не можеме да ја заобиколиме и најновата “бомба“, посилна од која и да е, во која нема бегање од моментот на вистината, а тоа е бомбата за носење на контровезниот Закон за јавно обвинителство, со него по секоја цена да се спаси сопствената кожа.

 Станува збор за “бомба“ во која се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев како тој носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.

  На тоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе додаде: “Зоран Заев и’ пукал на правдата во чело. Тој е виновен за неправдата во општеството…

 Освен премиер, бил и судија, но и обвинител. Веруваме дека заспаното обвинителство за сето ова повеќе нема да молчи. Но, молчи, затоа што е во скутот на истиот диктатор кој пресуди и ја уби правдата!“

пишува: Слободан Томиќ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.