Среда, 04 Март 2020   
Вистините за нас Македонците (прв дел)

207kdci

Вистините за нас Македонците (прв дел)

Мирко Трпески

На тие што ќе ја отворат оваа Интернет-страница и овој текст, им предлагам да влезат во You Tube и во четвороаголникот за пребарување (обележан со стакло за зголемување) да внесат текст Na rubu znanosti - Aleksandar Makedonski  . Таму ќе се отвори емисија, емитувана на Хрватската телевизија 3, од интервјуто со Хрватскиот аналитичар Домагој Николиќ, во која тој изнесува поинакви вистини за местото на гробот на Александар Македонски, за начинот на пишување на текстови во негово време, за неможноста Македонците да биле Грци, за фалсификуваната историја на народите на целиот Балкански полуостров, односно за пишувањето на нивната историја така што нема да се налути некој и уште многу, многу други историски и реални факти. За да Ве “навлечам“, односно да Ве заинтересирам да ја проследите наведената емисија на You Tube (што трае околу педесетина минути), овде ќе бидат наведени само некои од фактите и тезите што ги застапува Г-дин Николиќ.

Интервјуто започнува со негов став дека Македонците не биле Грци (иако денешниве Грци многу би сакале тоа да е така). Ова го поткрепува со тоа што за разговорите помеѓу Македонците и Грците биле потребни преведувачи. Исто така, наведува дека до Балканските војни во околината на Солун, а и во самиот Солун се зборувало на сегашниов Македонски јазик. Смета дека и тогашните жители на сегашниве држави Хрватска - тогашните Илири, на Босна и Херцеговина и Србија зборувале со ист или сличен јазик со Македонците. Кога Александар Македонски поминувал низ Мала Азија таму со тамошните жители-Хетити разговарал на својот јазик.

За основниот предмет на интервјуто со него - гробот на Александар Македонски, тој смета дека истиот е во околината на Свети Николе. Ова го докажува со астрономски знаци и со археолошки град и објект на тоа место. Градот се вика Вила Зора. До овој град постои археолошки објект со значителни големини, а на него постои ознака во вид на соѕвездието Касиопеја. Неговото име на Македонски јазик е Канда, што произлегувало од зборот “кандило“. На денот на раѓањето целото соѕвездие Орион стоело над ова “кандило“! На денот на раѓање на Александар Македонски - 21. јули, ова соѕвездие вертикално се поклопува, како слика, со ознаката на објектот на земјата. Во близина на овој објект постоело село кое се вика Уши, а со овој збор во Македонскиот јазик се означувало точно ова соѕвездие. Интересно е што помеѓу денот на раѓање и денот на смртта на Александар имало точно 40 дена, колку што доста често траат и одредени периоди во христијанството.

Од друга страна, локацијата на гробот се наоѓа на права меридијанска линија – точно север-југ, помеѓу мегалитската опсерваторија Кокино и рудникот Алшар. Воините на Македонската војска ги премачкувале своите штитови со рудата од овој рудник, штитовите силно ја одбивале сончевата светлина (овие воини, спротивно на вообичаената тактика, војувале спроти Сонцето - токму од оваа причина), што ги заслепувало воините од спротивната страна и Македонците полесно победувале.

Г-дин Николиќ наведува дека во античко време, а и доста подоцна, намерно не се откривале местата на гробовите на големите владетели, кралеви и цареви, но преку посебно шифрирани текстови се оставала можност тие што знаат да ги дешифрираат, да можат да го определат местото на гробовите. Истото се случило и со гробот на Александар Македонски. Александар изразил желба да биде погребан во Македонија, односно во својата земја. Тоа било и нормално, за да се затвори кругот од раѓање да смрт, заради реинкарнација. Се смета дека кога починал во Вавилон, погребната поворка со неговите останки тргнала кон Македонија, но по патот Птоломеј го зел ковчегот и го однесол во Египет, во Александрија. Таму се губи трагата на неговиот гроб. Г-дин Николиќ смета дека е намерна невистина дека кочегот бил однесен во Египет, ами е однесен во Македонија, во Вила Зора и сместен во горенаведениот археолошки објект.

Заслужува и фактот што Г-дин Николиќ се повикува и на локалната традиција и терминологија, како и на локалните истражувачи - од Свети Николе и околината. Во истражувањата се вклучиле археолози од еден Универзитет од Тексас - САД. Локалните истражувачи барале и некој да финансира истражувања за да се открие целосно локалитетот и вистината за него и околу него.

Г-дин Николиќ особено го нагласува фактот што историјата на Балканот ја пишувале, поточно ја фалсификувале, Германски “историчари“. Тогаш се измислени “историски“ податоци за Македонија и Македонците, поточно, сокриени се вистините за нашите претци, за Грција и Грците, односно е измислен терминот “Еленизам“-“Хеленизам“. Истото се однесувало и за Илирите, кои во голем дел живееле на териториите на сегашна Хрватска и кои зборувале на сегашните Јужнословенски јазици. Многу е интересно што тој нагласува оти ние и тие сме едни од ретките народи што не си ги почитуваат своите историчари и повеќе им веруваат на туѓи историчари и фалсификатори на историјата.

Во овој текст можеа да бидат дадени уште подробности од интервјуто, но предлагам самите да ги осознаете.

Проследете! 

https://news.yahoo.com/thousands-join-north-macedonia-opposition-212532176.html

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.