|
|
Вистините за нас Македонците (втор дел) |
Мирко Трпески Веројатно не постои народ на светов со толку стари корени како нас Македонците, а на кого му е забранувано да се нарекува со своето вистинско име, на кого му е крадена историјата и други му ја пишувале, кој нема свои историчари на кои ќе им биде овозможено, па дури и наложено, на научни основи и со научни методи да ги испитаат историските вистини за своето минато, на кој и сегашноста му е “затруена“, чии изроди за ситна корист помагале и помагаат во неговото обезличување ... А, еве неколку егзактни научни и антрополошки факти со кои се фрла малку светлина на вистината. Во текстов намерно не се завлегува поподробно во историските факти Каменот од Розета: За тие што се помалку упатени во историјата на Египет, Каменот од Розета претставува камена-гранитна плоча со значителни димензии на кој со три писма се напишани текстови во времето на Македонската династија Птоломеи (Птолемеи, наследници на генералот на Македонската војска на Александар Македонски) што владеела во Египет, барем двестотини години пред Христа. Едниот текст е пишуван со староегипетско писмо, третото писмо е старогрчко, а средното е демотско, со кое тоа што е напишано е на старомакедонски јазик, односно јазикот на античките Македонци (ова писмо очигледно било во употреба во тогашниот свет во делот на службената комуникација, комерцијата, науката итн.; текстови пишувани со ова писмо се најдени на археолошко наоѓалиште во Винча кај Белград-Србија и нашите научници имаат помогнато во нивното “прочитување“). Со примена на научни методи средниот текст е дешифриран од страна на Македонските научници Акад. Томе Бошевски и Проф. д-р Аристотел Тентов. Без завлегување во подробности околу јазикот и особено писмото, утврдено е дека јазикот на кој е напишан текстот е многу сличен со сегашниов наш Македонски јазик. Резултатите од истражувањето се систематизирани во научен проект објавен преку Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ. Истиот, меѓу другото, е презентиран и на научен собир во Санкт Петерсбург-Руска Федерација и таму добил високи оценки како особен придонес за Словенството и откривање на корените на истото. Во истовреме, овој труд го нема добиено заслуженото внимание и поддршка токму од МАНУ!!! Ако МАНУ посилно застанеше зад овој проект, позициите на Македонија во односите со Грција ќе беа поинакви. Имено, треба да се нагласи дека со овој проект се докажува оти сегашниов Македонски јазик во овие краишта бил во употреба барем двестотини години пред Христа, што значи дека ние не сме биле дојдени со сламки од преку Дунав (очигледно е дека со освојувањето на Египет јазикот од овде е пренесен во Египет од страна на наследниците на Александар Македонски). Генетско истражување на сличноста или разликата помеѓу нас Македонците и Грците: Во светот, најпознат и најпризнат институт за генетски истражувања е институтот во Мадрид-Шпанија и неговите научни истражувања и резултати ги признава цел свет (постојат и други, како на пример, институтот iGenea од Швајцарија, но неговите истражувања се врз комерцијални основи, така што има одредена сенка врз резултатите што ги добива и ги објавува). Институтот од Мадрид има спроведено научно истражување за сличноста или разликата помаѓу нас Македонците и Грците од четири области: Централна Грција со Пелопонез, Северна Грција-Егејска Македонија, дијаспора и остров Крит. Резултатите од истражувањето во куси црти можат да се опишат со следното: со исклучок на генетскиот материјал земен од островот Крит, речиси не постојат генетски сличности помеѓу нас Македонците и Грците од трите области. Од друга страна постојат сличности во овој материјал само со Грците од Крит. Ова може да укажува на една можност: кога Македонците од тогашна Македонија се движеле кон и од Египет, веројатно поминувале преку овој остров (кој е релативно близу до Египет) и на тој пат таму “оставале“ генетски материјал. Тоа е во врска со погоре реченото за Македонците кои го владееле Египет во тоа време. Интересен е делот на истражувањето за генетските карактеристики на Грците. Утврдено е дека Грците генетски се слични со племиња од Јужна Африка и од Етиопија. Ова се поклопува и со историјата која вели дека сегашните Грци се доселени на сегашниве нивни простори, како и со наводите дека “на овие простори дошле црни луѓе“. Општо познат факт е дека и Илијада и Одисеја се препевани на Грчки, што значи дека оригиналниот јазик на бил Грчки! Исто така интересен е и фактот што ние Македонците генетски сме биле слични со - Французите. Генетски споредби на остатоци во Антички гробови и сегашни жители: Кога пред неколку години се градел автопатот низ Србија кон Македонија на делот под Врање, на трасата се откриени неколку антички гробови со човечки остатоци. Направена е генетска споредба помеѓу остатоците најдени во гробовите и генетски материјал земен од лица кои сега живеат во тој крај. Утврдено е дека материјалите се идентични. Сега таму си го поставуваат прашањето: дали тезата дека народите од јужниот Балкан се дојдени од некаде е грешна, односно дека некој намерно не’ лажел и ни’ подметнувал лажна историја? Да не заборавиме: од Врање до границата на сегашна Македонија нема повеќе од 100 километри. Климата е една до над Врање, а друга на север од Грделичката клисура. Доста е тешко да се определат северните граници на територијата што ја населувале тогашните Македонци. Од изложеното во првиот дел од овој напис што се однесува на Илирите, може да се види дека се смета оти и тие го зборувале овој наш јазик, видоизменет, но со заеднички корени. Антрополошки согледувања: Малку постарите Македонци веројатно се сеќаваат на скулптурите што пред неколку години беа изложени пред Владата на Република Македонија. Истите беа ископувани на археолошки наоѓалишта во Македонија - нашава Вардарска - и во Егејскиот дел. Слични скулптури се прикажани во многу музеи во Грција, но и во светот. Ако се направи антрополошка споредба со сегашните Грци, ќе се утврди дека ликовите на скулптурите нималку не наликуваат на ликовите на сегашните Грци. Но, речиси се совпаѓаат со ликовите на бројни жители од Егејска Македонија - нашите Егејци. Треба ли поголем доказ дека сегашниве Грци не се тукашни, односно немаат непосредна врска со античките Македонци? Податоци порано изложени во Архивот на Македонија: пред два-триесетина години, во предворјето на Архивот на Македонија имаше изложено некој вид постојана поставка за националната припадност на населението во Егејскиот дел на Македонија по Балканските војни. Податоците беа дадени по населени места. Од тоа што беше изложено можеше да се види дека во најголем број населени места доминантно било Македонското население, некаде и со над 80%, некаде и стопроцентно. Од друга страна, застапеноста на население со Грчки корени по население места се движело до и околу 20 насто. Овие податоци се поклопуваат и со резултатите од пописот на населението спроведен во тоа време од страна на Грчките окупатори, но необјавувани поради тоа што на Грците не им одговарале. Се поставува и постојано ќе се поставува прашањето дали е можно Македонската држава која во античко време била високо организирана, да немала свој службен јазик, да немала свое службено писмо, па морала да користи Грчки јазик и писмо? Поточно, како е можно археологијата да не наоѓа артефакти за овој аспект на тогашните Македонци? Одговорот веројатно се наоѓа во следното: за разлика од античките Македонци, кои на освоените територии дури и го поттикнувале развојот на културата на освоените народи, Римјаните уништувале се’ што потсетувало на тоа што го нашле при освојувањето на тие територии. Тоа значи дека уништиле се’ што потсетувало на тогашната Македонска култура, јазик, организација и слично. Очигледно уништиле вакви историски, факти и артефакти и во Египет, односно се’ што можело да потсетува на Македонството. Не го уништиле Каменот од Розета бидејќи бил закопан во песокот во Египет, а го открил Француски војник, дел од војската на Наполеон Бонапарта, кој вршел фортификациски ископувања на крајот од осумнаесеттиот век. Во однос на Римајните, историјата смета дека остатоци од Римјаните се лицата што припаѓале на Петтата колона од Римската легија кои, по распаѓањето на Римското царство, останале на југозапад од Балканскиот полуостров, на југот од сегашна Албанија. Се смета дека нивни наследници се сегашниве Власи-Цинцари (на Влашки ЦИНЦ значи ПЕТ). |