Среда, 11 Март 2020   
На 12 април да останеме сите обединети, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!!

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

Листајќи ги „Документите за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, наидов на писмото на стариот Петко од 3 септември 1935 година испратено до редакцијата на Ризоспастис, списание на кумунистичката партија на Грција.

Под наслов „Го наоѓаат правилниот пат“, Македонецот, стариот Петко од Воден ќе напише:

„Еден ден падна во мои раце весникот „Македонско дело", орган на ВМРО (Обединета).

Го прочитав незаситно и размислив за минатите настани, за мојот злосторнички став спрема Македонците во 1893-1896 година.

Во Македонија се создадоа вооружени групи чијашто цел беше ослободувањето и самоопределувањето на Македонија. Во тој период Бугарија испрати во Македонија комити. Една ноќ дојде во мојата куќа архикомитаџијата Апостол, терорист на Ениџевардарска околија, со 30 комити. Во почетокот ми се закани, а потоа ме убеди да станам комитаџија, откако ми вети 50 лири месечна плата и бесплатно школување на моите деца.

Војувавме против Турците, но војувавме и со припадниците на ВМРО. Со терор, со убиства и поткуп, успеавме да бидат уништени македонските групи. Ние тогаш деклариравме дека Македонија е бугарска и се бориме за нејзиното приклучување кон Бугарија. Тоа е голема грешка! Сега разбирам што сторив.

Сега кога Македонија ја поделија Бугарија, Србија и Грција, а Македонците, наоѓајќи се пред трите држави, исто секаде страдаат. Сега ја разбрав мојата грешка и се ставам со сета моја старост под славното знаме на ВМРО (Обединета), којашто се бори за интересите на сите Македонци“.

Стариот Петко е типичен пример на предаство и покајание, но е разумен компромис за подобра иднина. Никогаш не е доцна.

Проклетството на неслогата кај македонскиот народ која трагично заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 година, а беше санкционирана по Првата Светска Војна, како да трае и денес. Поради таа поделеност, македонскиот народ и по 30 години од осамостојувањето го носи бремето на оспорен идентитет и легитимитет.

Во игрите на нашите соседи, лидерот на СДС Зоран Заев, ја направи истата грешка како стариот Петко од Воден, влета како мува без глава без да е свесен за последиците по македонскиот народ и држава.

Македонците мора да се обединат по сите линии, без разлика дали се припадници на ВМРО-ДПМНЕ, СДС или неопределени,... бидејќи во прашање е Македонија. Потребно е семакедонско единство, како во земјата, така и во дијаспората.

На 12 април да останеме сите обединети, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!!

На 12 Април доаѓа обновата на Македонија!

На 12 април да му дадеме доверба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски да ја води владата на Република Македонија, да се справи со последиците од катастрофата која ја предизвика лидерот на СДС, Зоран Заев изминативе три години.

Заедно да се избориме за подобро утре на Македонија. Заедно ќе победиме, за ова зло никогаш да не се повтори.

На 12 април да го најдеме правилниот пат, да не ја направиме истата грешка како Македонецот, стариот Петко од Воден.

Ниту еден договор, ниту еден акт донесен од Заев не може да го поколеба чувството на секој еден Македонец дека ние сме Македонци од Македонија, дека нашиот идентитет е Македонски и дека името на нашата земја е Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.