|
|
Следниот мандат народот ќе го довери на оној кој не лаже |
Свекрва 1 април е денот на шегата, 12 април е денот на одлуката. На 12 април македонскиот народ на предвремени парламентарни избори ќе биде исправен пред судбоносната одлука кому да му верува: на СДС или ВМРО-ДПМНЕ, на Заев или на Христијан Мицкоски. Народот тогаш треба да одлучи кои изборни програми се реални, односно дали ќе живее во светот на лагите или пак во реалниот свет исполнет со секојдневна борба за создавање на подобра иднина на македонскиот народ. Македонците се чесни и работливи луѓе. Меѓутоа чуствувајќи се како граѓани од втор ред во сопствената држава, како луѓе кои неможат да ги остварат своите права на работа, како ни на достојна плата на она што го изработиле, потоа чуствувајќи се изманипулирани и излажани од власта предводена од СДС и нивниот лидер З.З, се повеќе граѓани ја напуштаат државата. Во нивната намера не може да ги спречи дури ни вирусот Ковид–19. Евентуално само промена на власта, за која се знае дека би се држела до реална и остварлива програма, би можела да ги задржи дома. Неодамна уште една лага која беше искажана од устата на бившиот премиер и лидер на СДС З.З. ја прели чашата исполнета со пелин. Прво кажа дека промената на имињата на училиштата во Чаир е незаконска, за ден потоа да напише на својот профил дека промената е согласна законот. Набргу, на својот фејбук профил се надодаде и Артан Груби, кој напиша дека конечно училиштето е 100 посто албанско. Како што тргнало, со помош ма СДС утре Артан Груби комотно може истото да го каже и за целата земја. Во тој контекст, челниците на СДС имаа премногу путер на главата. Тие за да го добијат претходниот мандат ја прифатија Тиранската платформа, потоа во текот на нивниот мандат, продолжувајќи во нивен стил го склучија договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор со што ја доведоа пред распад македонската држава. Зоран Заев, лидерот на СДС, пред да го добие и на почететокот на својот мандат ветуваше многу, но ништо не направи, освен што со сменето име, за да безимени, со одземен идентитет, со свиткана кичма и на колена ползиме кон ЕУ и НАТО. Гордиот Македонец ова понижување не може да го издржи и кога гледа како наместо криминалците, патриотите скапуваат во затвор и си заминуваат од земјата. Тие не кренаа раце од својата земја, но чекаат подобри времиња и личности на кои ќе можат да им веруваат за да се вратат во земјата и со својот глас да ја променат состојбата на сите полиња. Само така ќе може патриотите да излезат од затвор, а криминалците, ракетарите и предавниците да го завземат нивното место. На 12 април всушност е време за одлука, време кога сите Македонци треба да се соберат и да гласаат за иднината на македонската држава. Тие треба да одлучат што сакаат. Или сакаат повторно да ги води Заев и да ги манипулира со евтини популистички трикови и да ја изгубат земјата, или пак сакаат вистинска личност како Христијан Мицковски кој не зборува за виртуелен свет, туку за борба за подобра иднина не само на македонскиот народ туку и на другите етнички заедници во земјата. Имено, за разлика од трговецот од Муртино кој прво се колнеше во “жицата македонска” и во “татковци и дедовци” дека “не се родил маж кој ќе го смени Уставот и уставното име”, граѓаните видоа само пазар со највисоките национални интереси. Зоран Заев ветуваше правна држава, а се забетонира Луј Витон судството, политички рекет и “трас-трас” пресуди, Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ нема луксуз за празни ветувања. Како прво тој не е трговец, туку професор кој предава егзактна наука и кај него мора се да е прецизно, предвидливо и исполниво. Тој нема право и не смее да лаже. Она што ќе го вети на народот тоа мора да го исполни, дури и ако вети дека ќе се обиде доколку има доволен број на гласови да го ревидира и Преспанскипт договор. Народот е исправен пред две програми, една на СДС и друга на ВМРО ДПМНЕ. Првата програма која треба да ја спроведува СДС тешко може да се оствари бидејќи нивниот лидер никогаш немал чврст став и одлуките ги менува за миг, тргнувајќи од личните интереси. Втората програма на ВМРО ДПМНЕ е остварлива, бидејќи ќе ја спроведуваат луѓе кои знаат и умеат сето тоа да го претворат во стварност, и луѓе кои не лажат и манипулираат. Од досегашното искуство народот може лесно да се одлучи на кого да му го довери следниот мандат, а тоа се оние кои не лажат туку остваруваат. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени по парламентарните избори на 12 април. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката. Следниот мандат народот ќе го довери на оној кој не лаже. |