|
|
Александар Бичиклиски: Пиреј сме ние ... |
И војни и болести и природни катастрофи сме преживувале а и сега ќе преживееме. Но СДСМ повеќе од сигурно ќе "умре" како политичка партија по пандемијата, давејќи се во сопствените политички фекалии... Ќе ве казни народецов така јако и ќе ве акне од земја да не знаете кој крај да фатите. По само две недели кризни државата е донесена пред банкрот, нема плати , нема медицинска опрема,се краде на тестови, се лаже безобзирно ,се носат катастрофални кризни мерки и итн... И пазете секој кој е критички настроен кон нив, го прогласуваат веднаш виновен за тињава која ни се случува.... И сега пак од ракав ќе се браните , ВМРО е криво,Груевски ви е крив ... Да 11 години земавте редовно плати и пензии во време на две економски светски кризи, во време на бегалска криза , во време на елементарни катастрофи . И донесовте "демократија" до државен рекет, затворање на новинари,монтирани судски процеси, лажни вредности и енормно богатење на криминалното подземје, обид за убиство на нацијата со нејзиното обезличување поврзано со нејзиниот идентитет. Станавме хибриден режим со воведена вонредна состојба, со концентрација на моќ кај неколку луѓе кои истата дебело ја злоупотребуваат. Се спомнува национализација во 2020 година, да 2020 не 1947... Кога сме кај национализацијата, нема да верувате се согласувам со Заев ... Да време е да се национализира имотот и парите на сите оние кои овие 30 години се обогатија крадејќи од народот ,без оглед дали се од ВМРО или СДСМ и тоа по ред...Од приватизацијата во 1996 па до ден денешен. И Свето и Штерјо и Орце и Кочо и Љубчо и Хари и Минчо и Андреа и Сашо и Рада и Вице и Зоран ...и итн Ајде Зоране дај личен пример... |