|
|
Игор Јанушев: Ова е врвот на неспособноста на владата |
Игор Јанушев
Помошта на владата не е никаква помош, тоа е глумење дека работат нешто и тоа во услови кога системот се распаѓа.
Поважно им е денес да направат 4 прес-конференции и да вршат притисок до директорите на телевизиите се да се пренесе во живо наместо да им помогнат на компаниите кои се во длабока криза. Нема ниту еден сериозен бизнисмен кој ќе каже браво за мерките на владата, а тоа е така затоа што сме на чекор од рецесија, а Владата ја “матка” јавноста со 14.500 денари, како тоа да е главната помош за фирмите, а впрочем како се условени нема никој и да може да користи. Мерките на владата за стопанството и граѓаните не само што навестуваат огромна економска криза, туку и ќе бидат едни од главните причини за истата. Мерките не само што се недоволни, се и неправедни. Само мал дел на компании ќе ги искористат средствата. И да, и дури и тие малку компании кои ќе можат да ги искористат средствата, ќе треба да ги вратат. Владата и СДСМ “у ствари” си играат банки и всушност им нудат заеми на компаниите, односно граѓаните! И со оваа помош, ќе се вратат ли на работа 10 илјади работници кои останаа дома во Кавадарци и Битола по престанокот со работа на двете големи фабрики? Ова е врвот на неспособноста на владата. Помошта за компаниите ќе завршат во приватните џебови на тие блиски до власта, а тој криминален филм на оваа профитерска мафија на власт допрва ќе го гледаме. Се додека на народот не му прекипе, а тогаш и на “мирчо свињарнико” ќе биде претесен. |