Среда, 08 Април 2020   
Социјалдемократите ја изгубија довербата на народот

1 1Свекрва

Времето на библиски поместувања доаѓа.

Забрзаниот економски развој, забрзаната индустрализација и урбанизацијата ги зголемија ризиците и опасностите по здравјето на луѓето и материјалните добра. Меѓу многуте закани, денес светот се соочува со најопасната по Втората светска војна, пандемија предизвикана од Корона вирусот (Covid 19). Но како последица на пандемијата, според експертите на светот му се заканува тешка економска криза. Иако двете опасности делуваат застрашувачки, тие треба да бидат краткорочни и доволни да го уништат Новиот светски поредок.

Пандемијата на Корона вирусот покажа дека Глобализацијата ги направи државите неотпорни да се справат со невидливиот непријател. Исто така, покажа тромост и неспособност да се активираат глобалните заштитни чадори, како и невидена себичност на голем број нивни членки кои гледаат своите ресурси да ги зачуваат за себе, а потоа евентуално ако немаат потреба од нив да ги споделат со другите, особено помалите и послабите.

Имено во светот се водат вистински шпионски војни меѓу државите за набавка на маски и репираторни машини.

Медиумите пишуваат за забрани на испорака на веќе нарачана количина, како и за нивно пренасочување на друга дестинација, односно во земја која повеќе платила. Впрочем и нашата земја се соочи со ваков проблем, кога при набавката на респираторни машини од Бразил, испораката беше сопрена со одлука на тамошната влада.

Недоволната грижа на властите од осамостојувањето до денес за здраствените и безбедносните сили (човечки и техничка ресусри), се одразија денес во справувањето со неведливиот непријател. Поради недоволната заштита, одреден број на лица кои беа во првите борбени редови, беа заразени со Корона вирусот и мораа во изолација.

Од друга страна, со транзицијата на општествениот во приватен капитал, во земјата како да нема претпријатие способно да ги произведе потребните заштитни материјали, со ретки исклучоци кои самоиницијативно покажаа интерес да бидат општествено корисни.

Паниката која го зафати светот им одговара на неколкумина светски банкари, кои сакаат да ги контролираат изворите на нафта и сакаат да владеат со светот преку поставените марионетски власти и нивните медиуми. Меѓутоа, на нивна жалост се случува нешто друго од она што го сакаат. Наместо продлабочување на антагонизмот, се појави соработка на најголемите свестски сили САД и Русија во справување со невидливиот непријател.

Во моментот од пандемијата со Covid 19 најмногу страдаат Кина, Иран, Италија, Шпанија и САД.

Голем број компании банкротираат, луѓе остануваат без работа и има паника на берзите. Големите бројки на заболени и починати од Корона вирусот ги натера Трамп и Путин да соработуваат. Исто така, преставниците во советот за безбедност во ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, мора брзо да најдат решенија за светски одговор на пандемијата, ако не сакаат Трета светска војна. Така да после кризата, светот нема да биде  ист.

Пандемијата го уби глобализмот, а кредибилитетот на марионетските власти подржувани од банкарите, меѓу нив и Сорос, е изгубен засекогаш. Оттука и социјалдемократите во земјата,  без разлика колку да се експонирани во борбата со Корона вирусот, поради бројните слабости тие ја изгубија довербата на народот.

Имено и покрај популистичките мерки за време на кризата, се виде дека тие само размислуваат за елитата на власт и своите наредбодавци. Меѓудругото, во период на прогласена вонредна ситуација не сакаа да им наметнат на банките да се откажат од каматите за истиот период за кој е пролонгирана отплатата на кредитите, што покажува дека се немоќни пред продолжената рака на болното царство на банките.

Односите кои се равија во земјата и светот по појавата на пандемијата, ќе ги натераат општествата да размислат како понатаму. Имено, Италија по завршување на кризата, откако не доби на време помош од ЕУ, длабоко ќе размисли за останување во Унијата, што може како вирус да се прошири и на другите земји членки на ЕУ и НАТО. Слично може да реагира и Шпанија која е втора европска земја длабоко погодена од кризата.

А кога паѓа една империја, тогаш испразнетото место го заменува друга.

Тоа е време на библиски промени, на нови општествени односи. Тогаш секој ќе треба прво да погледне и да го расчисти својот двор. Истовремено тоа е време кога Македонија и македонскиот народ ќе треба да си го вратат она што некој во процесот на глобализација сакаше да им го одзеде, да ги избрише од светската карта на народите. а тоа е името и идентитетот.

Времето на библиски поместувања доаѓа.

Господ нека ја чува Македонија и македонскиот народ.

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.