|
|
За челниците на СДСМ личниот интерес е пред се |
Свекрва Пандемијата со Корона вирусот (Covid 19) која го тресе светот и земјата ги одложи парламентарните избори закажани за 12 април. Во меѓувреме битката со вирусот обилно ја користат социјалдемократите во тахничката Влада за да ја кренат изгубената доверба кај народот. При тоа многу поважнио им е како ќе се престават во јавноста, отколку дали здраствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови се доволно заштитени. Недоволната комуникација и кординација, неспособноста, полтронството и ароганцијата на преставниците на социјалдемократите во техничката влада, ја доведе земјата во многу непријатна положби не само со стратешките партнери, туку и недоволно ефикасна во борбата со невидливиот непријател. Поради несоодветното и навредливо однесување Македонија лесно можеше да ги наруши пријателските односи со стратешките партнери и да остане без поддршка, во период кога во борбата со корона вирусот земјата се соочи со недостаток на маски, ракавици, скафандери и др. неопходни за заштита на здраствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови со невидливиот непријател. И покрај се, Македонија доби помош токму од оние држави, чии водачи, луѓето на Зоран Заев, ги навредуваа нарекувајќи ги диктатори. Всушност, се што за времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ се развиваше како пријателство, социјалдемократите се обидоа истото да го расипат. Трн во око ним им беа добрите односи со раководствата на Австрија, Словенија, Унгарија и Турција,.... Поради тоа челниците на СДСМ често знаеа да ги навредат лидерите како Јанез Јанша, Виктор Орбан, Реџеп Таип Ердоган. Но, потоа знаеја без срам да ги посетат и да бараат подршка. Турција е држава која меѓу првите не призна по осамостојувањето на Македонија во 1991 година и до промена на уставното име спротивно на вољата на народот, во фуснота во документите на НАТО изричито наведуваше дека не признава под уставното име Република Македонија. И покрај воспоставеното пријателство, Турција неодамна беше непријатно изненадена кога беше најавено дека властите на Македонија заедно со Албанија, Црна Гора, Исланд и Ерменија се приклучуваат на санкциите на ЕУ против Турција за нејзините сондажни операции во потрага по природен гас во слободната економска зона (ЕЕЗ) на Кипар. Исто така, пред пандемијата, Турција беше изненадена и од однесувањето на Заевистите кои знаеја да го навредат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нарекувајќи го авторитарен владател и автократ. Сето тоа можеше да предизвика Турција да го преиспита стратешкото партнерство. Сепак, оваа пријателска држава која и самата се соочува со Корона вирусот, не наседна на правокациите, свесни дека ќе помине времето на Заевистите и дека сега на македонскиот народ му е потребна помош. Недела дена потоа, тие на Македонија и испорачаа заштитни медицински маски, заштитни скафандери и дијагностичи тестови. Исто така, додека Словенија и Унгарија се залагаа за евроинтеграции на Македонија, а еврокомесарот од Унгарија, Оливер Вархеи се залагаше Македонија да добие датум за преговори, преставниците на СДСМ водеа кампања против Виктор Орбан и Јанез Јанша, бидејќи биле против Преспанскиот договор. И повторно без срам и перде. Кога Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, дојде во земјава со помош од 100.000 маски и 5000 заштитни скафандери и тоа на барање на Христајан Мицкоски лидер на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев најде начин да се види и слика со унгарскиот министер, водејќи сметка да биде виден и преставен во јавноста како општетсвено корисен. Слична ситуација имаше и кога на барање на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот на Република Словенија Јанес Јанша испрати помош во заштитни маски и медицински ракавици. Тоа беше искористено од одредени челници на социјалдемократите да го престават како своја заслуга, по што мораше словенечкиот премиер лично да ги демантира. Меѓудругото, борбата која се води со корона вирусот и добивањето помош, од партнерите за социјалдемократите значи и можност да се промовираат пред јавноста колку се тие способни, колку им значи народот и колкава имаат поддршка во светот. Затоа без срам и перде тие се сликаа со помошта и суптилно некогаш посочуваат дека тоа е добиена по нивна заслуга. Но, сето тоа е контрапродуктивно. Бидејќи македонскиот народ доволно виде со кого има работа. Тоа се луѓе кои само мислат на својот личен интерес, но не и за народот. Поради тоа го доведуваат во прашања не само одговорот во борбата со Корона вирусот, брзото заздравување на економијата туку и на тешко стекнатите пријателства, како и опстанокот на земјата. Македонска нација им се заблагодарува на државите што ни помагаат во овие тешки времиња, благодариме и на: ЛЕКАРИТЕ, СЕСТРИТЕ, БОЛНИЧАРИТЕ, ЛАБОРАНТИТЕ,ПОЛИЦИЈАТА, АРМИЈАТА, НА ТИЕ КОИ ДИСТРУБИТИРААТ ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ И НА СИТЕ КОИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА ДОДЕКА НИЕ СМЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА СЕ НА ТЕРЕН!! Господ да ни даде здравје на сите! АМИН! |