Среда, 22 Април 2020   
Пред нас е долг и тежок период на опоравување на Македонија

1 1Свекрва

Коронавирусот го измени секојдневниот живот на народот. Воведеното ограничено движење, познато како полициски час, покрај позитивните страни за да се спречи ширењето на вирусот, има и негативни последици врз здравјето на луѓето. Тука се психолошките проблеми поради повеќедневна изолација и потребно движење за луѓе со одредени болести, кои дневно треба да поминат одредена километража. Меѓутоа, како и секогаш за власта не се сите луѓе еднакви, иако дури и затворениците имаат право на дневна шетња.

За време на Велигденските празници полицискиот час траеше повеќе од 80 часови. Ако ги изоставиме оние што излегуваат по службена должност, право во одреден период од денот да излезат имаа оние кои имаат домашни миленичиња, потоа активисти од друштва за заштита на бездомни животни кои можеа да излезат за да ги хранат бездомните кучиња, како и лица со посебни потреби. Меѓутоа, во текот на овој повеќедневен карантин немаше можност за движење на други лица кои имаат здраствени проблеми, а кои не живееат во куќи со дворови. Тие лица не можеа барем половина час да се раздвижат околу своите згради. Но, јасно е дека кога е во прашање вонредна состојба, секогаш страдаат одредени права.

Интересно е што полицискиот час за Велигден се одржа по одлуката за ново воведување на вонредна состојба, откако старата не беше продолжена. Всушност новата вонредна состојба беше донесена од претседателот Пендаровски откако на 16.04.2020 г., беше свикана 5 седница на Советот за безбедност. Во неговото образложение за одлуката се вели дека: „Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту еден од нив нема побарано апанажа која следува по завршување на мандатот, што значи дека тие се сеуште со валиден мандат, а Собранието, сепак, не работи, јас ја преземам одговорноста со носењето на ваква одлука, само затоа што имаме ситуација без преседан кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“.

Веднаш потоа, Владата соопшти дека со одлука на претседателот на државата да прогласи вонредна состојба на целата територија на истиот ден на кој измина периодот на претходно прогласената вонредна состојба, сите уредби со законска сила донесени од 18-ти март до сега, остануваат во сила и во периодот што го опфаќа новата одлука за вонредна состојба.

Иако се најавуваа полека олабавувања на ограничувањата по Велигденските празници, поради состојбата со Коронавирусот се донесоа и нови одлуки, мерки и препораки, овој пат за Тетово, Куманово и Прилеп. Ограничување на движење, обавезно носење маски и т.н.

Кога целокупното внимание е насочено во борбата против невидливиот непријател и кога Заевистите ги инструментализираат мерките во своја корист (носење на Уредби со законска сила кои не сите беа во насока за борба против коронавирусот), како никој да не се грижи за нарушувањето на поединечните права и за политичката регресија која се случува во земјата.

Иако постои техничка влада, со потиснување на опозицијата и истакнување во преден план на преставниците на социјалдемократите во борбата против коронавирусот, во моментот се билда нивниот рејтинг. Но тој е вештачки и брзо ќе падне откако ќе престанат мерките за борба против коронавирусот. Дури ни самоизолацијата од наводна можна зараза со вирусот нема да им помогне на Заевистите да останат на власт.

Имено, набрзо ќе дојде време кога Коронавирусот ќе биде победен и ќе мора да заврши вонредната состојба, а животот да продлжи понатаму. Но тоа ќе биде период кој ни престои во кој земјата ќе се соочи со тешки последици од војната со невидливиот непријател. Поради тоа на земјата и е потребна одговорна и способна власт која ќе знае и умее да се справи со последиците, а притоа да не ги крши Уставот и законите на земјата.

Иако  во моментот никој не прашува кога ќе се одржат парламентарните избори, тоа прашање треба што побргу да се отвори.

Со оглед дека имаме Собрание кое не функционира и техничка влада која можеше со Уредба на сила да ги суспендира изборите закажани за 12 април, а не може да закаже нови, мора да се најде начин да се закажат парламентарните избори. Време за чекање нема, зошто пред нас престои долг и тежок посткризен период на економско опоравување на Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.