Среда, 22 Април 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 67

1v1

1. Го пречекавме и го испративме најголемиот македонски верски празник Воскресението Христово - Велигден како никогаш до сега! Затворени дома, или по викендички (оној што ги има), опремени со јагнешко и пијалоци (тие што можат да си го дозволат тоа), но со многу неизвесности и прашалници за сите нас, особено за оние илјадници што ги изгубија работните места, или вработувања што висат на конец!

И сето тоа главно заради корона вирусот што не потресе сите нас од корен, но и целата планета! Како понатаму? Никој точно не знае, ниту може да предвиди, но едно е сосема јасно: пандемијата со вирусот Кобит 19  отвори толку многу прашања поради што со сигурност можеме да потврдиме дека ништо после ова нема да биде исто!

А како со проблемот со корона вирусот се справи и се справува нашата татковина, Република Македонија, оставам да,  коментираат домашните медиуми.

Но во пресрет на големиот празник Велигден остана, според мене, скромно одбележена во македонските мас-медиуми една случка што длабоко лично ме вознемири, а Бога ми би требело да не вознемири сите нас.  На 13ти април, вечерта, во православните гробишта во скопското предградие Камник, беа оскрвнавени дури 62 православни гроба! Надгробните плочи од гранит и мермер - некои дебели и по 10 сантиметри, беа парчосани, што ги остави блиските на оние што почиваат таму тажни и вомјазени, а сите нас - или повеќето од нас, длабоко загрожени! 

Власта, според вообичаената пракса, утредента веднаш побрза (за да се замачка овој брутален инцидент) да ги присили претставниците на погребалното претпријатие Бутел да се јават со изјава дека тие ќе ги поправат уништените гробови и тоа на нивна сметка (ако воопшто тоа е некаква утеха некому, а вечерта во населбата Ченто беше импровизирана масовна провокација на граѓанска непослушност на албански жители во населбата (непочитување на полицискиот час), наводно заради воведениот карантин и забрана за движење и повторно за да се дефокусира вниманието на јавноста од скандалот со руинирањето на православните гробишта во Камник!

Уништување на вечни почивалишта (тоа го правеа нацистите со уништувањето еврејски гробишта во Солун и ширум Европа, но и грчките андарти со македонските гробишта во Егејска Македонија) не е израз на несташлук на багабонти туку (во случајот со гробиштата во Камник) израз на расизам и анимална манифестација на етничка и верска нетолеранција! И тоа однапред планирана и подготвувана!!! Плоча гранит или мермер од 10 сантиметри дебелина не се крши со обично чеканче, туку со голем чекан (токмак), копач или покрупен метален предмет! Следствено, кои и да се сторителите на овој злостор очигледно се спремале, или добиле прецизни инструкции, за да го егзекутираат тој пеколен план.

Нормално е да се запрашаме: koј бил мотивот за овој злостор? Кому му пречеле вечните почивалишта на 62 починати македонски христијани? И, така ли ќе градиме соживот - со кого? Мотивот и пораката се сосема јасни: да не повредат и понижат нас - православните Македонци пред нашиот најголем духовен празник Велигден!!! Друго објаснување за злосторот јас немам! А не ме ни изненадува ваквиот израз на верска и етничка нетрпеливост од поединцити од нашите сожители од исламската вероисповест кога на чело на ИВЗ е човек кој со своите екстремни ставови знае не ретко да ја бранува македонската јавност! Но да не заборавиме дека и некои фактори од страна се можни соучесници (како советници за вакви недела) во злосторот!? 

Од друга страна, ниту еден македонски медиум не алармира на уште една - многу повознемирувачка работа, а тоа е совпаѓањето (Ако воопшто станува за совпаѓање? Да не ќе да е свесно координирана работа?) на злосторот во Камник, со 12-годишнината од убиството на пет млади Македонци кај Смилковското езеро! Имено, петкратното убиство кај Смилковското езеро се случи на 12ти април 2012г, а злосторот во Камник на 13ти април годинава! И двата злостора се извршени непосредно пред најголемиот македонски верски празник Велигден! Случајност? Не верувам! Напротив! Спонзорите на починителите на обата злостора очигледно се со намера да ни пратат порака дека нешто не им е по волја во нашето општество, или нешто не се случува според нив посакуваната и проектирана брзина и сценарио!? А тоа е: разнебитувањето на македонската нација како етницитет и нејзината трансформација во политичка нација!?

Како и да е, двата злостора треба да се многу сериозна опомена за сите нас кои си ја сакаме својата земја и нација и нејзиното славно минато! Излезот од оваа ситуација го гледам во престојните избори – дали со гласачкото ливче ќе дозволиме опстанок на оваа злосторничка власт или ќе не водат лугје со патриотски погледи!!!

1g3

 

1g1Немила глетка од скрнавените и парчосани гробови во Камник

2. Бугарија, членка на ЕУ (да видиш, да неверуваш) веќе ја подготвила за испорачување фактурата за наплата од капитулантскиот Договор за пријателство и соработка. Нема да не изненади дека тоа ќе се случи за месец-два на самитот на членките на ЕУ во Загреб и најверојатно ке се случи онлајн заради корона вирусот!?

Грото македонски медиуми го пренесоа пишувањето на порталот mn.mk којшто дојде до мистериозниот документ според кој Бугарија се остри да не условува за добуивање конкретен датум за почеток на преговорите со инсистирање:  а) Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и б) Да заборавиме постоење на македонски јазик, туку на нивно инсистирање, во службената комуникација да се користи терминот "на службениот јазик во СРМ".

И сега што правиме Зоране Заев? Без срам и перде, како што би рекол нашиот народ, истрча да потпишеш парче хартија само два месеци од кога те устоличија на власт (1. август, 2017), без да водиш сметка за македонските интереси, минато и последици од тој чин!?

Христос воскресе! Навистина Воскресе!

АМИН!

Martin Trenevski 1

M-р Maртин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.