|
|
Незавршена работа е 27 Април 2017 |
Александар Џеповски
Незавршена работа е 27 Април 2017. Одма знам дека читајќи го насловот комуњарите веднаш ќе срипаат како Грк во апс и ќе се спремаат за тужби во Стразбург, иако ова е зрнце во споредба со нивниот чичко Тричко. Факт е оти работата не се заврши и треба да се заврши, предавање нема. Целата работа треба да се заврши на хуман и добар начин, никако на сила. На крајот од краиштата, Македонци сме и доста беше омраза, реваншизам и желба да се надвладее опозицијата по секоја цена и засекогаш. Датумот 27 Април е свет датум и Македонски непокор. Целта беше да не се дозволи Македонија да биде управувана и угнетена неправилно од Бејли и Америка со неправилни и фалсификаторски изборни трикови подржена од фамозниот " демократски запад ". Мораме да најдеме решение и помирување, се другото е длабока провалија во која ќе треснеме и сите ќе се истребиме. Не смееме повеќе да импровизираме и да ги тераме работите со влечење на своја приватна страна и од свој аспект. Кој добива - Албанците. Кој губи - Македонците. Кога сме веќе кај Албанците, не смеме да ги третираме како клети душмани и непријатели, напротив. Тие се дел од Нас и ние дел од нив, како и сите соседи кои се рака на срце новосоздадени од западните земји пред стотина и нешто години ... ОДНОСНО СИТЕ СМЕ ДЕЛ ОД ЕДНА МАЈКА - АНТИЧКА ИЛИ ЦАРСКА МАКЕДОНИЈА. Иако сме разделени на држави, нации и религии, сепак сме биле, сме и ќе бидеме едно исто - браќа по крв. Затоа браќа Македонци, до Вас е да се најде начин како да се смириме и да си ги земеме назад нашите браќа назад под еден кров, како конфедерации или федерација, сеедно. МАКЕДОНИЈА МОРА ПАК ДА ВОСКРСНЕ, СО НАША ДОБРА ВОЛЈА ИЛИ ВО РЕЖИЈА НА БОГ. АМИН !!! |