|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 69 |
1. Поимот "Холивудски синдром" во светот на филмот, но особено во таканаречениот жолт печат, по правило подразбира дека и најлошата реклама е реклама, т.е.(за актерите) битно е да се во жижата (центарот) на вниманието на јавноста - за добро или за лошо, постојано да се пишува и да се чита за нив, без разлика дали станува збор за афери, скандали, црн печат и сл. Токму такво чуство имам за низата случувања во последно време во и од Струмица. На 28 април сред бел ден, изгоре најголемата зграда во поранешната струмичка касарна на ЈНА! Денес целиот комплекс на касарната е сопственост на кланот Заеви. А на 25 март потполно изгоре друг објект во истата касарна, во кој беше сместена регионалната телевизија ВИС! Коинциденција? Не верувам! Мислам дека се работи за намерно подметнување на пожари со цел уништување на запуштените објекти и расчистување на теренот на којшто гореспоменатиот клан намерава да гради големи стамбени комплекси!? Јавноста во окупирана Струмица со право е загрижена ако се докаже дека и во двата случаи се работи за подметнати пожари за расчистување на теренот бидејки е неизвесно дали и кога ќе се счлучи сличен инцидент со цел локалните феудалци да си ја остваруваат својата манијачка похлепа по профит. Според веќе уиграното правило на замајавање на вниманието на јавноста ("Холивудскиот синдром") за пожарите во Струмичката касарна повеќе не чувме ниту еден збор во македонските медиуми, а вниманието од тие инциденти веќе e пренасочено на аферата со наводната хуманитарната помош од семејството Заеви. Сега дејствието се префрла во поранешната текстилна индустрија "Герас Цунев" (која во добрите времиња вработуваше 3000 работници, а Заеви си ја приватизираа и за неа платија колку за еден двособен стан!), каде провладините медии покажаа стотици празни картонски кутии спремни за полнење со бајати и со изминат рок прехрамбени производи, без декларации за потеклото и со изминат рок на важност на производите. Сведоштво за пожарот во Струмица Македонските медиуми не штедеа напори за што подраматично да ја прикажат целата афера со наводната хуманитарна помош: полицијата демек привела волонтери од непостоечко здружение "Сите заедно можеме", па се ангажирал дури и јавниот обвинител од Струмица кој наредил да се блокираат пакетите со "хуманитарна помош" од семејството Заеви. Во меѓувреме, шлепер полн со слична "хуманитарна пратка" од Заеви е виден во Неготино каде бил растоваран и тоа - како по правило, во часовите на строг карантин!? Не е лошо да потсетиме и на изјавите на некои од примателите на хуманитарната помош дека при врачувањето им било нагласено дека треба да гласаат за СДСМ!? Морам да признам дека во сета оваа работа нешто ми смрди и многу силно ми укажува на "Холивудскиот синдром", за којшто пишував погоре!? Да не ќе да станува збор за обмислена промоција на Зоран Заев како добротвор, кој се грижи за сиромавите и немашните - како своевидна македонска варијанта на Робин Худ, наспроти "омразената" полиција што го тероризира народот со карантини и слични насилни мерки, а ја предводи оној, од опозицијата инсталиран прв полицаец, Наќе Чулев!? Со други зборови, да не ќе да се работи на тоа да се прикаже Зоран Заев дека токму тој се грижи за народот во овие невремиња на светска пандемија, а за возрат народот треба да му го даде својот глас на следните парламентарни избори!? Не знам каде го најдоа овој Наќе Чулев но имам чувство дека во последно време како многу да омекна: нема веќе остри критики па и најави за кривични пријави кон неговиот претходник Оливер Спасовски! Чулев на Зоран Заев му прати десетина полицајци на мотори да го придружуваат во неговата прошетка од Струмица до Берово (а прашање е дали тоа нему му следи сега кога е само лидер на партија, а не е повеќе премиер). Наќе неодамна го посети охридско-струшкиот регион. Дали се распраша кој тоа пали трски покрај брегот на Охридското езеро и узурпира државно земјиште за дивоградби што е кривично дело??? Јавноста ја следи твојата работа Наќе! Не го заборавај тоа! 2. Измеќарот на пробугарски определениот Стево Пендаровски, (според кого "Гоце Делчев бил Бугарин кој работел за македонската кауза") од скоро освестениот Бугарин и негов советник Денко Малески, предизвика вистинска лавина од критики во Македонија, но и кај македонската дијаспора. И како што бива според непишано правило: во секое зло има и нешто добро, Бугарите како да ретерираа по малку од нивните ставови по бурата силни реакции во македонската јавност, па нивната министерка Захариева сега како да се обидува да нуди некаков компромис - "Вие признајте ја историјата, а ние ќе ја признаеме реалноста"!? Се разбира, ваков компромис е во стилот "земи или остави", или кажано народски: Како малиот Ѓорѓија ги замислува работите! Бидејќи такво нешто не може и не смее да се случи! Но да се осврниме на јазикот што ни го спорат Бугарите како феномен од друг агол. Не треба човек да е лингвист (стручњак за јазици) па да свати колку е глупав и бесмислен бугарскиот став со непризнавањето на македонскиот јазик што, според нив, бил "западен дијалект на бугарскиот јазик со српски елементи". Српско-хрватскиот јазик, што како задолжителен предмет го очевме и ние, денес e расчленeт на дури четири јазици: српски, хрватски, босански и црногорски. Сите четири се кодифицирани и меѓународно признаени и никој никому ништо не му спори! На седниците на Советот на НАТО, во кабините за преведувачи, има и кабини за Bosnian Language (босански јазик), Montenegrin Language (Црногорски јазик) и никој не ни помислува од тоа да прави проблем! Или уште поубедлиув пример со нордиските земји и нивните јазици! Шведскиот и норвешкиот јазик, заедно со јазикот што го говорат Данците се толку блиски што ги делат само симболични разлики. Но ниту еден нормален Швеѓанин нема да рече дека во Норвешка се зборува шведски јазик и обратно! А одлично се разбираат! Можат ли Бугарите да ги сватат овие факти и да престанат да се глупираат со некакви паралели меѓу нашите два народа и нивните јазици??? Време е да се европеизираат и да учат нешто да попримат од многу поцивилизирани средини и народи во европското друштво во кое ги напикаа без елементарни претпоставки и вредности од нивнма (бугарска) страна!!! 3. Koнечно на виделина се појави лице во кое гледам прилика за да се почне да се работи на светата и очајно потребна мисија за национално помирување меѓу Македонците. Судејки по неговите патриотски ставови изнесени на фејсбук, полни со изрази на силно национално чувство на горд Македонец, Максим Димитроевски се наметнува како сериозен кандидат од левицата од нивна страна за таа света мисија. Иако член од СДСМ која пет пари не дава за националните интереси ниту за националните чуства на македонците, Максим сепак многу јасно се претстави пред пошироката јавност на начин како што длабоко се чувствува во душата: "Јас сум Македонец, мојата земја е Македонија, мојата нација е Македонска"!!! Многумина (претпоставувам повеќето негови сопартијци) му префрлаат зошто молчел за своите чувства кога ни го менуваа името и Уставот и веќе го третираат како предавник на партијата на која и припаѓа. Но, да се потсетиме: и Св. Павле од безмилосен прогонувач на христијаните се освестил и станал еден од најголемите нивни подржувачи! Да се надеваме дека и други сопартијци на Максим од левицата ќе се освестат и ќе му се придружат (тука пред се мислам на Куновска), и ќе успеат да ја отстранат од врвот на нивната партија струмичката анационална клика и ќе создадат освестена со патриотски ставови партија која конечно ќе седне со најголемата опозициона партија да разговара и да се договара за национални прашања и приоритети за кои не смее да има компромиси. Амин! Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, јасно и гласно на ФБ порачува:Мојата земја е МАКЕДОНИЈА Мојата нација е МАКЕДОНСКА Нашите предци биле МАКЕДОНЦИ, ние на овој свет дојдовме како такви и нашите потомци ќе заминат како такви а нивните внуци и правнуци ќе останат МАКЕДОНЦИ, архитипот ќе се пренесува од колено на колено! 4 Ладен туш од Загреб! Според некои медиуми коишто имале можност да ѕирнат во Нацртот од Загребската декларација за претстојниот самит на ЕУ, во документот не се споменува ни членство, ниту проширување ниту интеграција во ЕУ, туку само една неодредена реченица за „европска перспектива“ и за силно поврзување. Како што дознава Јутарњи лист од дипломатски извори, некои држави, како Франција и Холандија, но до некаде и Германија, инсистирале Загребскиот самит да не биде самит за проширување, a за утеха во текстот се нуди "европска перспектива“ на регионот! Што правиме сега со лажгите на Заев, Димитров и Османи дека сме добиле датум за почеток на преговори? Ќе сноси ли некој од нив, или сите тројца, одговорност за овој дебакл што е на повидок? Како и да е, ни претстојат парламентарни избори, а од кога опозицијата ќе ја превзема власта и ја консолидира државата, предлагам да распише р е ф е р е н д у м и да си го повратиме името. Во НАТО ќе кренат носеви и ќе се подналутат за ваквиот потег, но не ни можат ништо! Сега сме полноправна членка, а во НАТО не постои пропис или правило некоја членка да биде избркана од Алијансата. Така стојат работите!!! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |