|
|
Глигоров му посочил на Фрчковски, да му го откаже гостопримството на Грилакис |
Бобан Максимовски Предавсвата за името и македонскиот идентитет во независна Македонија, прв ги започна Љубомир Фрчковски, тогашен министер за внатршни работи. Режираната приказна започнува со тоа што генералот Николас Грилакис (поранешен шеф на грчките тајни служби) побегнал од својата земја наводно под закана за кривичен прогон од новиот режим во Грција. Фрчковски во стан на МВР тајно го крие Грилакис незаконски, без да биде пријавен, без да добие азил или статус на бегалец. Глигоров му посочил на Фрчковски, да му го откаже гостопримството на Грилакис и да го префрли во друга држава, бидеќи тоа може да наштети на македонско-грчките односи. Фрчковски одби да го послуша Глигоров, се обидел да посредува и му понудил од Грилакис да прими Глигоров 100 000 долари, скапоцена анфора од потонат брод и скапоцен часовник. Глигоров ги одбил подароците. По, извесно време Фрчковски му предложи на Глигоров да прими лица од службата за безбедност, да го известеле лично за некоја работа. Кога ги примил, тие му соопштиле на Глигоров дека имале средба со нивни "колеги" од Грција и дека тие им рекле официјално да му пренесат на Глигоров, дека доколку попушти окулу името, готови се да му префрлат во било која банка во светот милион долари. Глигоров го одбил и овој предлог, со зборовите дека тоа е апсурдна работа Кога овој обид за поткуп на претседателот за да попушти за прашањето на името (кој Киро Глигиров го спомна и во своите мемоари) остана неказнет, дали на некој денес во Македонија не му е јасно, зошто толку политичари и лица блиски до политиката вршат предавства или се подготвени да вршат предавства спрема Македонија и македонскиот народ ??? |