Среда, 13 Мај 2020   
Во градот под Марковите Кули се руши направеното од претходната гарнитура

001Дипл. ЕКК. Рубинчо Видое Јованоски

Во три деценискиот плурален начин на избирање на претставници на централно и посебно на локално ниво во градот каде во 1941 година пукнала првата пушка, градот на непокорот Прилеп, момчињата обоени во плаво на чело со актуелниот бомбаш од с. Муртино, Зоран Заев, само на два пати ја има диригентската палка во свои раце и тоа на почеткот на новиот милениум (2000 - 2005) на чело со психијатарот Сашко Пирганоски и од 2017 година до ден денешен со ортопедот Илија Јованоски.

Што да се каже во овие две и пол години на владеење на нарцисоидната личност Илија Јованоски. Се применуваат истите методи од владеењето на својот колега Пирганоски (2000 - 2005), а тоа е кабинетско управување на градот под Марковите Кули.

Го нема оној пеколен ангажман и самопрегор на претходниот градоначалник Марјан Ристески (три едно по друго градоначалнички мандати), каде во буквална смисла на зборот работеше 24/7 и успеа во неговата замисла Прилеп од мртов град без идеи да го претвори во европска метропола.

Со помош на таканаречените бомби поданиците на З.З.  (Бошко Буха) катадневно го унаказуваа новиот локален објект изграден како окенаски објект со мрсна боја и јајца.

Па редно е градоначалникот Илија Јованоски да превземе мерки да се исчисти локалниот објект кој со актуелниот спектар на бои го унаказува Прилеп кој е прогласен за европска метропола.

За време на предизборието, нарцисоидната личност Илија Јованоски ветуваше изградба на затворен базен, ставање во целосна употреба на градскиот стадион Гоце Делчев каде според локалните најави ќе се играат првенствени, пријателски и пред и над се меѓународни фудбалски натпревари, реконструкцијата на мостот во близина на сточниот пазар.

Што има досега реализирано Јованоски и неговата екипа?

Ништо, само продавање на магла од времето на Итар Пејо. За разлика од него претходниот градоначалник Марјан Ристески во неговите три градоначалнички мандати изгради: 2 катни гаражи, спортски сали, асфалтирање на најмали и најтесни улици,...

Во секоја урбана заедница направи партерно и холти културно уредување.

Направи нова локална зграда океански тип и што е најважно го регулира сообраќајот со кружни текови и воведување на зонско паркирање на моторните возила.

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски констатира дека има уште година и пол од неговиот градоначалнички мандат, па во почетокот на месец април направи план за уредување на градската сообраќајна артерија во градот во булеварска авенија со 2 ленти во еден правец и на средина хортикултурно уредување со осветлување.

Делницата се прави од кружниот тек Карпалак до продавницата Тинекс која е лоцирана наспроти домот на културата Марко Цепенков. Вториот зафат ќе биде до кружниот тек кај Поштата.

Која му е целта на градоначалникот Јованоски?

Целта е една и единствена, а тоа е со проширувањето на улицата од двете страни на коловозот да го уништи зонското паркирање кое го направи Ристески.

Планот е автомобилите во иднина да се паркираат во двете катни гаражи и да постави монтажни катни гаражи за 100 возила.

Кај Јованоски преовлада непотизмот, а тоа е промена на систематизација во локалната самоуправа и вдомување на работно место на својата внука. Предметот е даден на разгледување на Комисијата за АКСК.

Исто така, на Стопанската Комора на Општина Прилеп е поставен неговиот зет Горан Попоски. Неговата некогашна блиска пријателка од ортопедско - трауматолошкото одделение Розе Пиличева ја постави за главна сестра во ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ - Прилеп. Нејзиниот син Христијан Пиличев менува 3 работни места, и тоа: директор на Старскиот дом , раководител на подрачното одделение на ФЗО и сега е вдомен во јавно комунално претпријатие.

Внуката од сестра на Розе Пиличева со висока медицинска школа е вработена во администрацијата на медицинскиот центар, каде  и свој леб вади и “потрчкото“ Самуил Пајмакоски.

Исто така, Јованоски во последната декада од минатиот век заедно со кардиологот Владо Ѓорѓиоски како директорски тандем направија проветрување на началничките места каде основоположниците на одделенијата ги замени со новопечени млади кадри од сите области на медицинската струка.

Јованоски во тие години сакаше да направи проневери со тогашната осигурителна компанија ЗОИЛ за наводно “истумбано“ негово возило го заштити тогашниот обвинител Иван Стеваноски и сега упокоениот а тогашен началник на ортопедско - трауматолошко одделение прим. Д-р Видое Јованоски.

Иронијата да биде уште поголема при крајот на 2002 година стапува на функција проценител во ЗОИЛ.

Јованоски продолжува со неговите “дубари“ па без покритие со боледување заминува на 2 - 3 месеци во Шпанија. Во тој момент од бркање од работа повторно го заштитува упокоениот прим. Д-р Видое Јованоски.

Во почетокот на новиот милениум отвори своја ПЗУ Ортомедика и прави луксузна викендичка со базен.

Јованоски прави неправилности од проста причина што неговите двајца синови му се во странство, а неговата сопруга е лекар, значи за него нема зима.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.