Четврток, 14 Мај 2020   
Латас: Ако ситуацијата се стабилизира како што велат СДСМ, зошто имаме вонредни мерки?

alt

Никогаш немало избори за кои ти не знаеш дали тој што ќе излезе ќе преживее. Денеска имаме 20 заболени и тројца починати.

Тоа е повеќе од просекот, ако ние во 60 дена имаме 90 починати, тоа е 1,5 на ден, ние денеска имавме повеќе од просекот, кој беше прогласен за голема опасност по здравјето и животот на луѓето и функционирање на државата. Се работи за ноторна лага кога денеска кажува СДСМ преку Заев и Филипче дека ситуацијата се стабилизира. Денешен ден имаме повеќе починати, отколку просекот, кого лажат?, вели во „Заспиј ако можеш“ на Алфа, Драган Павловиќ Латас.

Тој истакна дека ние треба да правиме избори, а на тие избори СДСМ ги брза затоа што има огромен фонд на пари кои се обезбедени од буџетот пред нова година, за изборите во април кои беа планирани за купување на гласови.

„Погледнете ја генезата, тие од пред нова година бараа да му се одземат парите на ВМРО-ДПМНЕ кои му следуваа по закон како политичка партија, да го остави без пари, а вика јас се откажувам од моите пари. Најопасен работник е шеф кој работи без пари, тој има канали како да заработи десет пати, најопасни се типови кои викаат ова ќе го направам бесплатно, тој има веќе во глава кај ќе го наплати, тој има буџет. Тие со тие пари ќе одат на купување, на гласови, ако нема излезност, ќе купат повеќе гласови. Македонија е прилично сиромашна, луѓето немааат пари, помеѓу корона и пари да излезат, многу ќе изберат да гласаат.“ потенцираше Латас

Тој прашува ако немаме голема епидемија зошто имаме вонредни мерки, ако нема доволно заразени и доволно умрени за да ги одложат изборите?

„Ќе го цитирам Сорос омилениот ментор на СДСМ, вака вика Трамп е диктатор, кој сака да ја зголеми својата диктатура. Со Џорџ Сорос бара војна помеѓу Кина и САД а не соработка која ја нуди Трамп. Бидејќи тој е еден кои го држат финансискиот сектор, а банките во војна не се уништуваат вели треба да има војна. Второ вика Доналд Трамп бараше одредени мерки кои заради уставот не можеше да ги спрведе инаку ќе бешше диктатор исто како власта во Кина, тоа се негови зборови. Зошто не станал диктатор Доналд Трапм затоа што тоа не му давал Уставот. Американец почитува Устав, Зоран Заев не почитува Устав, нашиот е веќе диктатор.“ заклучи Латас

https://vecer.mk/node/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.