Среда, 20 Мај 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 71

Martin Trenevski 11.  Датумот за парламентарните избори во Македонија не само што тотално го засени проблемот со пандемијата со корона вирусот, туку дефинитивно го стави во втор план! Тоа што бројот заболени постојано расте, за жал расте и бројот на починати, на власта очигледно ништо не и значи и бидејќи нејзе и гори под нозе, на сите можни начини настојува изборите да се одржат што е можно побрзо - за да има што помалку излезност!

Какви се не ѓаволштини измислија властодршците за да не убедат во оправданоста (!?), според нив, за брзи избори, при тоа нудејки и семожни технички решенија како да се гласа во услови на пандемија: задолжително носење на маски, дистанцирање од два метри меѓу гласачите, не повеќе од двајца гласачи во просторијата со гласачки кутии, па дури и пенкалата за заокружување на бројот на кандидатот ќе сме можеле да си ги задржиме за себе, за да не се пренесла заразата преку нив!? А осем тоа, ќе дозволеле и масовни собирања на предизборни митинзи (а да ги праша човек како ќе се одржува дистанца од два метри, или која сила ќе контролира носење на маски на такви собири - власта нема одговори на овие прашања). Како и да е и кога и да е, до денот на изборите ќе се изнагледаме и изнаслушаме секакви вербални жонглераи - зависно од која политичка опција потекнуваат. Во тој стил е и изјавата на Заев дека ќе размислеле и дали да организираат избори и без учество на опозицијата!? Замислите до каде му оди паметот!?

2. Актуелната власт во Македонија очигледно не сака да обезбеди македонската дијаспора да може да гласа! Државната изборна комисија не ги евидентира граѓаните во дијаспората што имаат право на глас (да не се подолго од една година во странство и да имаат македонски пасош) и со сигурност може да се констатира дека Македонците од надвор нема да гласаат.

Македонија, за жал, до сега не успеа како држава да изгради одговорен, државнички однос кон сопствената дијаспорта во трите децении од осамостојувањето иако, според некои извори, Македонци има поголем број вон границите на Македонија, одколку во земјата. Огромни се потенцијалите што се сконцентрирани во македонската дијаспора на економски, политички и културен план, но ние како држава ни од далеку не успеавме да ги искористиме и да ги мотивираме и да ги ставиме во функција на афирмација на нашата земја, а при тоа им се негира и оневозможува елементарното граѓанско право - правото на глас!

Некои дома како да забораваат колку е значаен придонесот од девизните дознаки од иселениците за македонската економија. Зависно од сезоната, иселениците со своите дознаки го полнат буџетот од 40% па дури и повеќе! Но за годинава се предвидува дека и тие дознаки ќе бидат барем 20% помалку од вообичаено.

Власта од Илинденска б.б. треба да свати дека внатрешните случувања во земјата и тоа како негативно влијаат на расположението на иселениците да инвестираат во земјата! Ускратувањето на правото на глас е врв на отсуството на чуство за одговорен однос кон иселенииците и следствено воопшто не треба да изненадува нивната реакција на таквиот однос од татковината, односно од актуелните властодршци!

3. Република Македонија, односно нејзините високи политичари не престануваат да го брануваат соседството! Чудно, навистина, многу чудно! Човек да се запраша дали луѓево (политичарите) не се свесни за одговорноста, или последиците од јавно изговорениот став - особено кога никој тоа не го бара од нив, или пак се работи за нешто друго, не сум сигурен, но можам да претпоставам.

Последен вербален "бисер" лансираше - кој друг, ако не Стево Пендаровски, кој во интервју за приштински весник изјави дека е против размена на територии (помеѓу Косово и Србија), на што уследи жестока реакција од српскиот министер за одбрана Александар Вулин кој брутално и недипломатски му порача на Стевота - подобро "да молчи на јазикот којшто никој не му го признава, освем Србија". А критики не изостанаа ни од самиот српски претседател Александар Вучиќ. Можам да замислам какво е расположението кај нашиот северен сосед сега, после невидената провоклација со поштенската марка на усташката НДХ што ја објавија македонски пошти, а која обфаќа голем дел и од српската територија!

Па добро бе Стево, дали веќе еднаш ќе созрееш за да престанеш да тресеш зелени, како што тоа го правиш од кога те наместија на таа позиција странците!? Свати човече, не е твоја (или, наша) работа да дели(ш)ме лекции како соседите да ги решаваат нивните проблеми, ниту пак ние како држава и ти лично сме фактор нешто да сториме на тој план??? Гледај ако можеш да си ги средуваме работите во ова што ни остана од Македонија на која како стрвинари се нафрлени длабоката држава, агресивниот ислам, но и бескрупулозните комшии!

4. Православието се соочува со невиден хаос. По давањето на автокефален статус на Украинската православна црква од Вселенската патријаршија - по што уследи жестока реакција од Руската православна црква и најава за прекин на комуникациите со Цариградската патријаршија, нов епицентар на тектонски потреси во православието сега е Црна Гора, предизвикана од нејзиното актуелно државно раководство. Земјата донесе закон со којшто сите цркви и манастири изградени пред 1918 година се прогласуваат за сопственост на Црногорската држава, односно на црквата на Црна Гора, на што жестоко реагираше и српското државно раководство и особено Српската православна црква (СПЦ) што владее со црквите и манастирите во Црна Гора од кога таа во 1918 година беше припоена на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците!

Своевиден климакс на црковните проблеми е најавата на актуелниот Претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ за обнова на Црногорска православна црква, укината по присоединувањето на кнежевството Црна Гора на Верскајска Југославија! Мое лично чувство е дека тоа и ќе се случи, без разлика какви и да се реакциите од Белград и Москва!!! Мило Ѓукановиќ ја ужива подршката и на Брисел (ЕУ) и на Вашингтон кои неспорно имаат силно влијание и на Цариградската патријаршија, што се виде и со признавањето на Украинската православна црква!

А каде сме ние, т.е МПЦ, во сите овие случувања? Од барањето на Синодот на МПЦ Бугарската православна црква да не усвои како "мајка црква" не видовме аир, ниту пак Цариградската патријаршија ни даде томос за признавање на автокепфалност на МПЦ, иако главниот предуслов за да го сторат тоа - наводно промената на името на земјата, беше исполнет од властодршците во Скопје!? Не ни преостанува многу осем да почекаме (а чекавме до сега од 1762г. кога ни ја укинаа нелегално Охридската Архиепископија) и да видиме во која насока ќе се развиваат работите!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.