|
|
Вело Марковски да управува со кризниот штаб за коронавирусот на местото од Филипче и Караџовски! |
Споделете сите да се приклучиме! Иницијатива Вело Марковски да управува со кризниот штаб за коронавирусот на местото од Филипче и Караџовски!
Предлагам итно распуштање на партиското дувло на СДС предводено од д-р Жарко Караџовски, а кого нивната ПР служба го нарекува Кризен штаб и на негово чело да се постави инфектологот проф. д-р Вело Марковски.
Република Македонија не смее да си дозволи повеќе ниту еден ден со нејзината судбина и судбината на нејзините граѓани да раководат политиканти и шарлатани од типот на Венко и Жарко. Пикот, пикот та преку пикот! Чекајќи го пикот по паметот на овие двајца скршена е кичмата на македонската економија, а со сигурност вака притворени и здравјето ќе си го изгубиме! Нема земја во светот која не ги попушта мерките, кај нас Оливер ќе не апсел и затварал, а Венко постарите од 65 години ќе ги држел во карантин до Нова Година. Да се разбереме, ова не го пишувам како Македонец, Христијанин или како подржувач на ВМРО, туку единствено како човек кој е загрижен за иднината на неговата татковина, Македонија, верувам како и секој друг нормален човек во моментов. Мораме да бидеме гласни, не смееме да си дозволиме вакви ликови, засилени со Спасовски, Шеќеринска и Заев државава да ни ја бутнат во амбис. |