|
|
Нема тужби нема нова Тојота |
Нема тужби нема нова Тојота Со прогласувањето на вонредната состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски (на 2 пати по 30 дена и последната 3-та од 16 мај или 14 дена), останува донесените одредби на техничката влада на чело со премиерот Оливер Спасовски каде во исто време ја вршат и законодавната власт. Овде да направиме една дигресија. На самиот почеток на појавата на корона вирусот (КОВИД-19) во нашата земја, претходниот премиер момчето од Муртино најави сет економски мерки каде се запираат тужбите на физичките и правните лица од јавни и државни компании. Во градот под Марковите Кули најпогодено ќе биде водоводното претпријатие, каде големиот економски стручњак Александар Багески кој не знае да го држи правилно пенкалото и на секој збор нагласува “разбираш“ како стручен соработник за економски прашања во корелација со својот внук Никола Багески кој по вокација е правник остана со “скрстени раце“ по владината уредба за нетужење на физички и правни лица. Во оваа прилика да напоменам дека лицето Никола Багески е советник во локалниот совет на Општина Прилеп од редовите на плавите момчиња, воедно во ЈКП ВиК е финансов раководител. ЈКП ВИК на чело со аболицираниот директор Емил Јанески за кого авторот на овој текст има поднесено тужба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, на ангро вдомува партиски истомисленици, особено во новата пречистителна станица, а во исто време ги остава на улица вработените примени од претходната гарнитурта. Сега овде да се навратиме на правната проблематика. Лицето Александар Багески кој се декларира како непартиска личност во времето од 2005 - 2009 година во време на владеењто на ВМРО ДПМНЕ направи дар - мар во поглед на обезбедувањето на финансиски средства со тужби за правни и физички лица со адвокатката Оровчанец. Овде се поставува прашањето зошто во тој период не беше активиран правниот ресурс на комуналното претпријатие? Одговорот е јасен подобро е перење на пари со надворешен член во конкретниот случај со адвокатката, него да работи со колеги од правниот сектор. Во тоа време Александар Багески возеше руинирано возило (Застава 750). За 4-те години раководење како финансиски раководител се збогати со: Тојота - нова кола, викендичка и двајца студенти од кои едниот во Бугарија а другиот во Скопје. Во тоа време се правеше нова систематизација, беше отворено место биохемиската лабораторија лично за неговата сопруга, но за жал не успеа во своите намери. Овие се интересни податоци каде треба да се позанимава новата државна комисија за ДКСК. Од 2009 до 2017 година Александар Багески ги полни батериите за неговите претстојни активности и така лаконски на сабајле се појавуваше на работа на кафе муабет, а потоа како службено отсутен си бркаше приватни обврски и посета со негови истомисленици во неговата викендица. ВО 2017 година станува со полни батерии на власт. Во овој лавиринт каде е момчето “правничето“ Александар Настоски и истото, си ќути и зема плата и се разбира поданик е на раководниот кадар, а неговите 5 збора се “како што ќе каже директорот“. Во времето на 8 годишното успешно владеење на Сашко Николоски (2009 - 2017) суетната личност Наташа Гешоска и други вработени поднесоа тужба на лично од каде што го вадат лебот“ за исплата на јубилејни награди за вработените. Николоски ја почитува одлуката на судот и на сите вработени му даде јубилејни награди, подели К15 и новогодишен додаток. Ајде сега некој се “дрзне“ да побара некое работничко право кај аболицираниот Емил Јанески, истиот ќе експлодира и ќе го зачути вработениот, ако не следува црвен картон, поточно отказ. Дипл.ЕКК Рубинчо Видое Јованоски |