|
|
Христијан Мицкоски е лидер кој знае и умее да ја води државата |
Манојил (Мане) Јаковлески За СДС и Зоран Заев нема потреба веќе ни да се зборува, тие се изгубени во просторот и времето, водени само од омраза кон се што е македонско и се срамат од името Република Македонија. Зоран Заев и неговата СДС мора да си одат за да може Македонија да оди напред. СДС и Зоран Заев го сменија името на државата, му ја подарија историјата на Бугарија и Грција и го оставија македонскиот народ без иднина. Оваа влада предводена од Зоран Заев не сработи ништо друго, ама направија прав пустош. Исто така, за да го спроведе сето ова се користеа уцени и притисоци. Блиски луѓе на власта ги искористија познаствата да рекетираат по една стара веќе видена шема: едно евто за мене, едно евро за црквата. При ситуација на потоната економија и недостаток на идеи и доволни средства, власта почна да се задолжува, така да земјата е задолжена како никогаш досега. Оваа власт на чело со ЗЗ дојде со манипулации и го излажа народот дека нема да го смени Уставот, името и идентитетот, а сега сака да го излаже со брзи избори во време кога секој ден имаме се’ повеќе новозаразени со Ковид-19. Тоа го прават со цел да го избегнат поразот за да се спасат од одговорноста за непочитување на Уставот и законите, за непочитување на референдумот и за рекетот кои го вршат одредени луѓе високо позиционирани во власта. Свесни дека се прочитани и дека нема што да му понудат на народот за следните парламентари избори, властите прават напори да воспостават режим. Зоран Заев мора да си оди за да може Македонија да оди напред и Македонија да победи. А тоа може да биде само со најсилната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со помош на органите на партијата знае и умее да ја води не само партијата, туку и земјата. Деновите на ЗЗ и СДС се избројани, ќе изгубат толку силно што не ќе знаат каде им е главата, а тоа ќе се случи многу скоро. Македонија Вечна! АМИН! |