|
|
ОМД: Министерката за Одбрана Шекеринска го Обесчестува Споменот на Жртвите од Тероризмот во 2001-та г. |
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја објави следната изјава, како одговор против Министерката за Одбрана, Радмила Шекеринска, која беше фотографирана пред емблема на УЧК* во канцеларијата на кичевскиот градоначалник: "Постапките на Министерката за Одбрана, Шекеринска, сè застрашувачки и несоодветни. Конфликтот во 2001 г. во Македонија беше акт на тероризам и агресија од страна на сепаристичката УЧК* (Ослободителната Народна Армија)*, против македонските вооружени и полициски сили, коja резултираше во бројни брутални смртни случаи на македонски цивили, вооружени и полициски сили, вклучувајќи го и уништувањето на македонски православни христијански културни објекти.“ "Емблемата на УЧК прави поделби и е антитеза на помирувањето. Шекеринска го обесчестува споменот на жртвите од тероризмот во 2001-та година. Болката која што сè чувствува од страна на фамилиите на жртвите не може да сè игнорира, минимализира, ни да сè рационализира, како што Шекеринска сè обиде да направи во нејзиното т.н. извинување, каде што сè обиде да ги брани своите постапки. Постапките на Шекеринска сè предавство на жртвувањето на многумина кои што ја бранеа македонската држава од тероризам и агресија." "ОМД повикува за историска вистина во Македонија, а не ревизионизам и махинации, кои што служат на одредени политички интереси пред избори." *УЧК – Ослободителната Народна Армија е етничка албанска милитантна терористичка организација, според означувањето на САД и НАТО, со наводни врски со Ал Каида, Иран, и вахабистички движења. Во текот на 2001-та година, тие извршија воени злосторства кои што беа добро документирани од страна на “Хуман Рајтс Воч” и медиумите. И покрај рамковниот договор во 2001, УЧК се закани со дестабилизирање на македонското општество во неколку наврати, правејќи вооружен конфликт близу до косовската граница, на Шар планините, и во 2015 во Куманово. Во фотографијата е претставен споменик посветен на жртвите, во Скопје, Македонија, пред македонскиот парламент. |