Среда, 10 Јуни 2020   
Каде е вистината?

Колумна на Ленче Манева: Каде е вистината?

 Вистината за македонскиот народ, за неговиот јазик, за неговото минато?!

Дали е поголема вистината од лагата, да се признае или прифати?!

Дали е лага кралот Каран, основач на старата македонска држава?

Дали е лага кралот Филип Македонски, основачот на најмоќната држава во стариот век, со најмоќната војска – македонската фаланга?! Држава со таква економија и даночен систем, кој и за денешните економисти претставува предизвик.

Дали лага е синот на Филип Македонски, Александар lll Македонски, кој ја наследил организираната и моќна држава, моќната фаланга, со која ќе го создаде Македонското царство?! Ќе го посее семето македонско на три континенти, ќе ја покаже својата мудрост и знаење што му ги всадил неговиот татко Филип и неговиот учител Аристотел.

Дали храброста, воинственоста и мудроста што ја покажал кралот Филип кај Херонеја, ќе биде животна школа на Александар Македонски за непоколебливоста, храброста, итрина и мудрост?! Дали Рим, ја подели провинцијата Македонија на четири дела, за да не воскресне Филип и неговиот син Александар Македонски, најголемиот и најмладиот војсководец на сите времиња?

Дали тоа ќе е причина за судбината на Македонците низ вековите?!

Дали Хабсбурговците и германските свештеници ќе се обидат да го спречат македонското слово, јазикот на кој говореа светите браќа Кирил и Методиј?!

Дали тоа ќе биде причина да се измисли Големата преселба  на народите и да се појави преселбата на Словените?!

Дали со тоа сакаа да се прекине историјата на македонскиот народ? Создадоа нови племиња, нови истории и не нарекоа јужни Словени, за да ја прекинат историјата на македонскиот народ од стариот во средниот век.

Дали тука се крие вистината, да се пресече коренот на македонскиот народ?

Дали посеаното семе од Александар Македонски низ светот, ќе ги просветлува светите браќа Кирил и Методиј?

Дали германските свештеници, ќе го спречат ширењето на христијанството што го посеа апостоп Павле во Македонија, а ќе го продолжат светите браќа Кирил и Методиј? И како плевел ќе го рашират низ тогашна Европа.

Дали затоа што Македонија е запишана во Библијата не се признава нејзиниот јазик?!

Зошто, браќата Солунски кои ги описменија и просветија нашите соседи, кои никогаш и никаде не се запишани како Бугари, Грци, туку Солунски? (Солун до Букрешкиот мир 1913 година не бил ни грчки, ни бугарски, бил во границите на македонската територија).

Затоа и македонската територија ќе биде мета на делење, парчење на македонскиот народ, грабање на историјата, уништување на писмото, на пишаното слово.

Зошто ја запалија библиотеката во Александрија? Зошто Ватикан не ги отвори архивите, зошто Хабсбурговците создадоа нова историја на Грците?

Зошто Аспарук, полека го премолчуваат Бугарите, а Татарите го прифатија јазикот и верата на Македонците?

Зошто ја укинаа Охридската архиепископија и ја создадоа Бугарската егзархија? За јазикот, за историјата македонска.

Зошто, вистината е толку болна, зошто македонскиот народ го направија мал, го поделија со Букрешкиот мир? Не можеа да ја прифатат вистината и продолжија со бришење како народ. Во Првата светска војна си ги пресметаа своите сили, ја уништија земјата на Македонците, гинеше македонскиот народ, се хранеа од македонската земја која не ја признаваа.

Маршираа: аскерот, грчка војска, бугарска, српска, француска, итилјанска, германска војска.

Грабеа, убиваа, кого? Македонија и Македонците! Се грабаа за нејзе, ги асимилираа и протерува Македонците.

Со векови се трудат да ја уништат Македонија, да ги претопат Македонците, да ја присвојат историјата, јазикот, културните и историските дејци.

Зошто толку бришење на македонското минато? Зошто, па нели не постојат Македонците, македонскиот јазик, македонското писмо, македонска историја и традиција, не постои 7/8такт?

Толку векови се трудите, толку сте упорни, но Сонцето од Вергина, кое ни го земате, тоа Сонце секогаш ќе ја грее само Македонија на Македонците!

Македонија ќе остане библиска земја! Името Македонско е големо, словото Македонско е насекаде, тешка е, но голема историјата и судбината на македонскиот народ.

Господ Бог, му дал сила, жилавост, истрајност и вечност на македонскиот народ, затоа го запишал во Библијата!

Вистината е дека сме постоеле, постоиме и ќе постоиме, низ делата на Филип, Александар Македонски, Светите браќа Кирил и Методија, Светите Климент и Наум, Цар Самоил, ВМРО, Гоце Делчев, Григор Прличев, Крсте П. Мисирков, царот од Пирин…

И сите други дејци и револуционери!

м-р Ленче Манева, професор по историја

https://kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-lenche-maneva-kade-e-vistinata/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.