|
|
Македонскиот народ по се’ што ни се’ случува, ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет |
Манојил (Мане) Јаковлески Тој што полагал заклетва дека ќе штити и брани по Устав и закон, а поради лични интереси, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна, степенот на одговорноста го квалификува делото на предавство или велепредавство. Предавство не се разликите во мислата, говорот и уверувањето. Тоа е богатство на општеството, во тоа е смислата на демократијата. Да се потсетиме на зборовите на илинденецот д-р Владислав (Славчо) Ковачев, борец за слободата на Македонија, кој во една прилика ќе рече: „Тој што е задоен со сочното македонско млеко на страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен свесно да стане предавник на Татковината“! Македонскиот народ по се’ што ни се’ случува, ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет. ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, единствено може со заедничко ангажирање на сите нас, да ја врати гордоста, достоинството и победничкиот дух на македонскиот народ. Вечна да е Македонија! Амин! |