|
|
Оваа влада има „идеологија -епидемиологија |
Еден владин ден Откако напладне ќе отпечатат дузина уредби, се сликаат. Потем тргаат во незаконска кампања и пак се сликаат. Филипче, небаре топ модел Ковид -19, постојано се слика. Навечер се сликаат по пријателските телевизии и ги загрозуваат новинарите во акциони емисии. Ноќе, додека ние спиеме, тие волонтираат како (не)владини буфови, несебично делејќи хуманитарна помош наречена ПОТКУП, ама некој ги слика во акциони филмови. Афија се слика во турбо стил од досада и го рекламира Министерството за финансии. Кромидаровска, со слики зад решетки, внесува ведрина во казнено-поправната единица. Се пресликаа. Секој ден гледаме „Окупација во 26 слики“ на Зафрановиќ! Убаво „се одразува“ г. Заев: оваа влада има „идеологија -епидемиологија“! |