|
|
Гоце Марков: Вашите Комисии се нашиот срам |
Гоце Марков Моите книги, мојата лична библиотека ќе биде на мојот син, па на неговиот син...тие ќе знаат, ќе говорат, а Вие, земете си ги вашите лукави Комисии кои секако ги плаќаме од нашиот буџет и кои немаат никаков регулаторен механизам (,,одбрани" луѓе), типични егзамплари на власта, без своја своина, без јас во мене, без црнила во ноќта, без сонце во денот... Тие луѓе, земете си ги...носете си ги дома! Овие Комисии не се мојот глас! Не се резултат на Данокот кој уредно го плаќам во оваа држ...,,територија" веќе, не се резултат на сметките кои уредно ви се платени секој месец...кога се ќе раскрчмите и кога и 157-мата матрица на партиски Војник ќе ви се освести, ееее тогаш ќе биде доцна.Да, да, доцна за сите! Туку уште сега гледајте го залезот на македонската историја, зошто излегува дека мојот професор не' ,,лажел", дека сите ,,лажеле" или сега исправаат криви Дрини во корист на истата фалсификувана и фабрикувана блиска а далечна историја!? Мојот интегритет не се 300-те колумни и петте книги кои умреа во смртта на својот очај?! Веќе намерно и со цел ќе ги издадам во белото видело, да се родат како грешни мисли на праведни, отколку да умрат абортирани и во абортираните умови на неродените новокомпонирани. Нема да дозволиме да плукате по Македонците! Нема да дозволиме да миете рацете со душата на мртвите!? Педа земја, педа мртовец!Не ли ви значи? Власта е слатка изгледа? Ама затоа е минлива категорија! А Македонија требаше подобро да ја чуваме!? Потфрливме, потфрлија како генерација? Останаа троа ,,идеалисти", малку вистинити, некои можеби и интересџии, ама сепак верни. И после многу време , ќе бидат запаметени Сите!!! И Потписниците, и оние кои се криеја, и Ние кои останавме верни на СЛОВОТО, на Зборот наш насушен, на митологијата која станавме... Нека не ве фаќа страв и паника, Вие не сте ми таргет, никогаш не сте ни биле! Вие сте само профитери кои не си ја сакаат Македонија! Вас не ве ни перцепирам! Мојата Цел е Македонија! Таа ќе опстане, а Вас за среќа на сите ,ќе ве нема како извршители на нејзината судбина!? Ќе ве нема на политичката сцена, зошто дотука било.. |