Понеделник, 15 Јуни 2020   
Ветуваа дека Македонија ќе ја претворат во лулка на демократијата

1vesna1

Самиот термин  “избори”  во најосновното значење е право на граѓанинот да избере помеѓу понудените политички опции, идеи, концепти, програми, визии за иднината на државата и општеството.

Имајќи ја во предвид позицијата на граѓанинот во современето демократско општество и поставувањето на изразот на волјата на истиот на пиедесталот на она што се нарекува демократски систем на вредности,  политичките чинители мораат да создадат услови за конкурентни,  фер,  демократски,  легитимни и легални избори со два услови кои ќе обезбедат политички мир наместо политичка криза. Мисија на  ОБСЕ/ОДИХР, во полн состав и јасни протоколи за заштита на здравјето на избирачите.

Туркањето на избори по секоја цена, без создадени услови за нивно фер и коректно спроведување е  безобразно и крајно дрско занемарување и игнорирање на основната обврска на власта да ги слушне граѓаните на кои треба да им служи.

И апстиненцијта е некаков политички став, но не и кога истата е предизвикана од немање на минимум услови за одржување на избори. Во вакви околности добиваме чуство како Македонија да е приватен остров на една самопрогласена политичка елита, а граѓаните публика на нивната престава.

Дотолку повеќе,  што нашата економска,  социјална и политичка состојба е последица на делувањето на оние кои сме ги делигирале да ја остваруваат власта. Спроведувањето на популистички економски и социјални мерки, кои не само што не помагаат, туку и ќе ја одолговлечат кризата, најверојатно работниците и стопанствениците најмногу ги погодува.

Во држава каква што е нашата со скоро климав , недоволно квалитетен и функуционален образовен, здраствен, правен, социјален систем и те како граѓаните имаат потреба да видат и слушнат различните концепти и визии на политичките партии.

Сведоци сме дека пред  пред да станат власт, гласно зборуваа за некаков режим, тоталитаризам и ветуваа дека Македонија ќе ја претворат во лулка на демократијата. Денес гледаме немање на инклузивност на клучните политички  чинители со најважните процеси во земјата.  А не уверуваат дека блескаме.

Ваквиот начин на однесување е само обележје на тоталитарни, недомократски општества и држави во која властодржецот е од бога пратен и на него треба да му се служи.

 Пишува: Весна Атанасовска

 Дипл.Политиколог

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.