Среда, 17 Јуни 2020   
Манојил (Мане) Јаковлески: 15 Јули е денот на победата!

1mane 1

Од осамостојувањето на земјата во 1990 г. наваму речиси да нема година, СДС да не започнат активности за разнебитување на македонскиот народ и држава. Три децении од внатре ја уништуваат својата земја.Тажно е што ова не допира ни до малиот мозок на елитата која е дел од потесното раководство на СДС.

Оваа власт на чело со Зоран Заев дојде со манипулации и го излажа народот дека нема да го смени Уставот, името и идентитетот.

Народот нема да им прости за тоа што го погазија аманетот на илјадници борци кои ги оставија животите на боиштата ширум Македонија, во борба за создавање на независна и суверена македонска држава.

Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија. Заев и СДСМ се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив!

Македонскиот народ не смее да дозволи група изроди и среброљупци, да ја претворат Македонија во пепелиште при што ќе страдаат два милиони народ само заради нивните лични финансиски интереси.

Деновите на Зоран Заев и СДС се избројани, ќе изгубат толку силно што не ќе знаат каде им е главата.

На 15-ти јули да излеземе масовно на гласачките места и да го победиме најголемиот вирус што ја зафатил Македонија, а тоа е Зоран Заев и СДС. Вирус поголем и од короната. Вирус на национални понижувања, економско опустошување, криминал и корупција.

Дојде време да се спасува Македонија од Македонски изроди

15 Јули е денот на победата! Ќе победат граѓаните! Заевизмот мора да биде поразен заради Македонија! Да го поразиме заради нас, заради нашите деца и внуци.

На 15 јули среда, народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДС. Зоран Заев и СДС мора да си одат за да може Македонија да оди напред и Македонија да победи. А тоа може да биде само со ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Бидејки ВМРО е секогаш на браникот за одбранта на државните и националните интереси на Македонија.

Ќе има во Македонија и повеќе правда и многу повеќе ред, поголеми плати и зачувано македонско национално достоинство. Македонија ја чекаат подобри денови.

За среќа не се сите партии исти, ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ.

Изборот сега е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев кое докажано не исполнува, и Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кое се' знае дека работи и исполнува. И знаете дека овој пат го имате мојот личен збор, дека обновата доаѓа, изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

12 јули, конкретниот датум за избори воедно е и сигнал за Македонците во дијаспората: оние од поновата емиграција со право на глас да ги планираат годишните одмори во татковината во средината на јули, а оние кои не се во можност да дојдат, да лобираат кај своите блиски телефонски, по интернет или било кој друг начин, да задолжително да излезат да гласаат и да го дадат својот глас за спас на татковината, т.е. да гласаат за македонската опозиција која е бранител на македонските национални интереси!

Драги сонародници во дијаспората, работите за спас на татковината се дојдени не пет до 12, туку минут до 12 после сето зло што ни го направи уште малку актуелната власт изминативе неколку години и од сите нас зависи дали со својот глас ќе помогнеме да се спаси што може да се спаси!

Потребна е огромна излезност на 15 јули која што ќе резултира со стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија Вечна!

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.