|
|
Само во нашата држава се прогласува политичка вонредна состојба |
Во една нормална држава на земјинава топка каде владее словот на законот вонредните состојби се прогласуваат за катаклизмични состојби од калибарот на поплави, земјотреси, извори на зараза и загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на дотичната држава. Само во нашата мила и напатена Република (Северна) Македонија се појавуваат и следствено на тоа се прогласуваат политичко вонредни состојби. Имено, претседателот на Република (Северна) Македонија, Стево Пендаровски кој на ланските претседателски избори беше поддржан од СДСМ на чело со бомбашот од Муртино, Зоран Заев, иако заразата со КОВИД - 19 е алармантна не прогласи нова вонредна состојба. Во овие здравствено сложени услови кога корона вирусот само за 14 дена (од 1 до 14 јуни) однесе 32 жртви и не дај боже тој број не се намалува него истиот број е со галопирачка тенденција, Пендаровски ги слуша и воедно, извршува наредбите сервисирани од политичката кујна лоцирана на улицата Бихаќка. Бомбашот Зоки Заев по секоја цена бара избори на 5-ти или краен рок 8 јули. Зошто му се брза на Зоки? Европските челници пред 2 дена го распишаа конкурсот за набљудувачи з анашите претстојни вонредни парламентарни избори, и тие најкасно во нашата држава би дошле до 20 јуни. Зоки сака да оди на избори без претходно прочистен избирачки список, нема званично поставени протоколи како ќе се одвиваат изборите кога катадневно следиме галопирачки броеви на заразени граѓани со КОВИД-19 а и смртноста иницирана од вирусот е на високо ниво. Во овој вакум простор каде се доделуваат ваучери и платежни картички и кога во исто време се појавуваат преку 20 илјади жалби од граѓани кои истите се социјално загрозени, ги нема на списокот, Зоки бара итни избори. Зоки е во паника па се надева дека со мала излезност на електоратот ќе забележи минимална победа и следствено на тоа да го добие повторно мандатот од претседателот за состав на нова влада. Но, треба да знае дека Али Ахмети го чека на нишан со неговиот актуелен предлог за претседател на владата да биде личност од редовите на албанскиот кампус. Зоки треба да знае дека електоратот не може да му гозаборави катастрофалните 2 договори, и тоа со Јужниот сосед каде се направи промена на уставното име на нашата земја, со т.н. Преспански договор и со договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија. Зоки има направено грешка и со тендери и благодати на неговите Заеви фирми, особено со регистрацијата со фирми за обработка на медицинска марихуана. На крајот со спортски жаргон кажано електоратот ќе му даде црвен картон на Зоки и неговата дружина. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија |