Среда, 17 Јуни 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 75
Martin Trenevski
ДЛАБОКАТА ДРЖАВА ВО ЧЕТВРТА БРЗИНА
  
1.   Македонија на 15ти јули излегува на предвремени парламентарни избори. Лидерот на владеачката СДСМ Зоран Заев на прес конференција во понеделникот (15ти јуни) јавно потврди дека го прифаќа предлогот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за одржување избори на 15ти јули.
 
      Познавачите на приликите во земјата се јасни дека сред лето, кога температурите во Македонија достигнуваат над  + 40 степени и сред епидемија на корона вирусот излезноста на гласачите ќе биде помала во споредба на претходни парламентарни избори, но тоа за власта е споредно, надевајки се дека помалата излезност нејзе и оди во прилог за победа на изборите и уште еден мандат од четири години.
 
     Изборите ќе се одржуваат во услови кога угледниот Њујорк Тајмс ја спомена Македонија меѓу водечките во светот со "катастрофалното" справување со корона вирусот според бројките на заболени и починати од пандемијата, а слични се оценките и во билтените на универзитетот Џон Хопкинс од Вашингтон. Во земјата во моментов има над 750 лекари, медицинскиу сестри и друг медицински персонал заболени од корона вирусот, а никој не може да предвиди како ќе се развива заразата до средината на идниот месец, кога се закажани изборите!?
 
     Конкретниот датум за избори воедно е и сигнал за Македонците во дијаспората: оние од поновата емиграција со право на глас да ги планираат годишните одмори во татковината во средината на јули, а оние кои не се во можност да дојдат, да лобираат кај своите блиски телефонски, по интернет или било кој друг начин, да задолжително да излезат да гласаат и да го дадат својот глас за спас на татковината, т.е. да гласаат за македонската опозиција која е бранител на македонските национални интереси!
 
    Драги сонародници во дијаспората, работите за спас на татковината се дојдени не пет до 12, туку минут до 12 после сето зло што ни го направи уште малку актуелната власт изминативе неколку години и од сите нас зависи дали со својот глас ќе помогнеме да се спаси што може да се спаси!
 
2. Длабоката држава, многу длабоко инсталирана во Република Македонија, како што наближуваат изборите ги уфрли своите активности во четврта брзина. Впечатокот е несомнен - судејќи барем според потезите и дејанијата на нивните политички штитеници, во прв план ДУИ, а се разбира и СДСМ!
 
    Поедини работи што ни се случуваат во континуитет, а што дури изненадуваат според нивната "инвентивност", несомнено покажуваат со прст дирекно кон длабоката држава и нејзините специјалисти за разни политички и други сценарија и подметнувања.
 
   Најнов "бисер" од богатата понуда на длабоката држава секако е ласерскиот перформас на ѕидините на скопската тврдина со приказ на двоглав орел и порака на албански: "Зошто да не?". Оваа ласерска егзибиција е на линија на заложбата на ДУИ и нејзиното упорно инсистирање: нов премиер на Република Македонија да бил - Албанец!? Иако ДУИ се дистанцираше од ласерската егзибиција на скопската тврдина - демек тие немале ништо со таа работа, туку тоа било дело на некои млади ентузијасти, таквата теза е обичен "булшит" (bulshit), како што би рекле Американците. Јасно е кој стои зад таа работа и со каква намера е сторена истата!
 
    Впрочем и самата идеја за премиер Албанец ќе да потекнува од долгорочното сценарио на длабоката држава за рекомпонирање на македонското општество по американски модел!? Но да ги прашам дотичните: каде се видело да се устоличува премиер заради неговото етничко потекло, а без да се почитуваат резултати на избори? Дали во Америка некогаш ќе се устоличи претседател на државата да биде некој само бидејки е по потекло од Порторико, Куба или Мексико, а не да е победник на изборите како кандидат на Деморкатстата или Републиканската партија, сеедно? Категорички тврдам НЕ! А кај нас, ние сме за длабоката држава експериментален полигон и ќе пробаат буквално се за нивните сценарија да се остварат!
 
     Нема сомнеж дека длабоката држава со потезите што им ги сугерира на своите експоненти во Македонија отворено е на страната и ја подржува владеачката коалиција на заминување. Тие успеаја да си наметнат своја личност (!) за претседател на РМ, свој (!) премиер, свој (!) министер за надворешни работи, свој, свој свој.....За нивната бескрупулозност само да потсетиме и на неодамнешниот наводен гаф (?) со поштенската марка на Македонски пошти на која беше прикажана усташката ЕНДЕХА (што возменири толку многу духови во регионот), монтирните анкети на ИРИ за популарноста на Заев и бројни слични подметнувања, се со цел да не омаловажат како земја и нација, лажно да го дефокусираат народот/гласачите, особено да и наштетат на македонската опозиција, а за на изборите да поентира актуелната и многу исполнителна на барањата на длабоката држава, но уште кратко време актуелна власт.
 
     За неинформираните донекаде вчудноевидува упорноста на длабоката држава да ги остварува своите сценарија и покрај до сега невидените по интензитет расни и социјални немири во нивната сопствена земја! Не жалат ни труд ни пари, а при тоа ангажираат врвни познавачи на работите (кои дури го познаваат македонскиот јазик), се со цел да го остварат зацртаното. Тоа што Македонија е веќе членка на НАТО, а водечката опозициона ВМРО-ДПМНЕ од самото нејзино формирање е јасно определена проамерикански и прозападно, за нив не е доволно. Ним им требаат измеќари и послушници кои нема да мислат своја глава, туку само ќе исполнуваат тоа што е зацртано во подземните лаборатории на длабоката држава и што таа ќе им каже!  Дека немааат никакви скрупули најдобра илустрација е примерот со Турција, членка на НАТО од 1952 година со најглема армија во Алијансата по американската, каде организираа воен удар (не им се допаѓал актуелниот претседател Ердоган), за среќа неуспешен!
 
Се надевавме дека претседателот Трамп ќе расчисти со длабоката држава, но  очигледно ни самиот не беше свесен до кој степен истата е инфилтрирана во американското општество!? Постои реална опасност дури длабоката држава да расчсти со него на ноемвриските претседателски избори!?
 
3.  TВ Алфа, која важи за проопозиционен медиум, објави дека во амбасадата на РМ во Канбера моментално нема ниту еден дипломат и практично таа е затворена! Вршителката на должност амбасадор се вратила во земјата од семејни причини, а единствениот дипломат во амбасадата си се оженил таму и тој ја напуштил амбасадата!?
 
     Не знам дали оваа информација е точна (според ТВ Алфа празна амбасада, без дипломати би значело прекин на дипломатските односи, што според мене не мора да биде така), но ако не е точна - станува збор за невиден пропуст на македонското МНР од повеќе причини. Пред се и над се заради неколкуте стотини илјади наши сонародници кои живеат на петтиот континент и имаат секојдневни потреби за сервисни услуги и комуникации со амбасадата, но и заради односот кон земјата домаќин Австралија, која ни е пријателски наклонета, а секако и заради вкупниот углед на нашата земја!
 
     Дали нарцисоидениот министер за надворешни работи Никола Димитров е во тек и дали нешто превзема најитно да се надмине проблемот - едноставно не знам, но ако воопшто го тангираше македонската дипломатија секако ќе се погрижеше вакви работи да не се случуваат!
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.