Среда, 17 Јуни 2020   
Избори на 15 јули!

1 1Свекрва

По инсистирање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, СДС и Зоран Заев го прифатија предлогот истите да се одржат на 15 јули.

Иако деновиве секојдневно има зголемување на бројките со новозаразаени и починати од Ковид 19, а мисија на ОБСЕ/ОДИХИР нема да биде целосна, ова беше изнудено решение. Како што изгледа под притисок на меѓународната заедница, СДСМ се откажа од првичните барања за избори на 5 и 8 јули и ја прифати средината на јули.  

Властите во земјата предводени од челниците на СДС ја потценија опасноста од вирусот и со тоа ги зголемија политичките, економските и безбедносните ризици во земјата. Со негирањето на опасноста, непочитување и селективно спроведување на мерките препорачани од комисијата за заразни болести, техничката влада која требаше да ги организира предвремените парламентарни избори уште на 12 април, а кои беа одкажани поради корона вирусот, под силно влијание на Зоран Заев,  ја носеше земјата во пропаст. Огромни задолжувања, несоодветно распределување на помошта (при што се офајдија и челниците на СДС), незнаењето како да поттурне економскиот замаец, се водед во економскиот колапс на земјата.

Свесни дека народот тоа го знае, дека не им верува и повеќе нема да ги поддржи, Зоран Заев и неговите челници во власта инсистираат на брзи избори, надевајќи се на мала излезност, на немање на набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХИР и на можност од манипулации со домашните набљудувачи, кои патем ги плаќа и заедно со нив учествуваа во шарената револуција. За нив тоа би било доволно за да се одржат на власт и да ја избегнат можноста да одговараат за сето она што го направиле во последните три години.

Во контекст на изборите, од порано е познато дека кога се работи за добивањето на власта, СДСМ е спремна и со ѓаволот да коалицира. Имено, на претходните парламентарни избори за да дојдат на власт, тие ја прифатија Тиранската платформа, а за да ја имаат поддршката на меѓународната заедница им ветија решавање на спорот со Грција и Бугарија. Сето тоа подоцна резултира со Законот за употреба на јазиците, Договорот за добрососедство со Бугарија и договорот со Грција за промена на името.

Денес СДСМ се исправени пред барањето на ДУИ, за премиер да биде поставен Албанец.

Иако Зоран Заев ова го отфрли, познавајќи го како се колнеше дека нема да го смени името, нема да биде ништо чудно и да го прифати барањето Али Ахмети или друг од ДУИ да биде премиер.

Во нормални околности ништо не би значело дали премиерот на земјата е Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Србин, Бошњак или припадник на друга етничка заедница. Се додека Македонецот или било кој друг припадник на малцинските заедници, се колне под македонско знаме, ја пее македонската химна и се бори за македонските интереси тоа е во ред.

Меѓутоа, во овие околности, кога првенствено кај Албанците се пренагласува етничката припадност и се додека стојат под албанското знаме и ја пејат албанската химна, како и тоа дека погледите им се свртени кон Тирана и Приштина, такво решение не би било добро за македонскиот народ и македонската земја.

Според сегашното барање на Зоран Заев, повеќе од очигледно е дака на СДСМ не му е до здравјето на народот.

Тие за да си ги спасат дебелите задници бараат начин како да ги добијат изборите. За да ги задржат позициите тие се спремни да прифатат било кој за премиер. Кога е во прашање СДС се е можно, а кога е во прашање ДУИ, ништо не е чудно. Тој за да ја врати довербата во албанскиот електорат ќе игра со адутот Албанец за премиер.

Јасно е дека при нормални избори СДС би било поразена од ВМРО ДПМНЕ како никогаш до сега. Меѓутоа, сега се очекува заради епидемијата мала излесност што би им одговарала на Заевистите.

Затоа членството на ВМРО ДПМНЕ не смее да апстинираа од овие избори. На 15 јули мора масовно да излезе на избори за да го истера ѓаволот кој влегол во државата преку лидерот на СДС.

Едноставно ВМРО ДПМНЕ заедно со народот, не смее да му дозволи или да им даде легитимитет на Заевистите за да го спроведат своето сценарио и да останат на власт.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.