Среда, 24 Јуни 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 76

1martin1

ФУНДАМЕНТАЛИСТОТ ЏАМБАСКИ ПРОМОВИРА ИРЕДЕНТИЗАМ!!!

По привидното едномесечно затишје во Бугарија за нивната похлепа кон Македонија и се што е Македонско, многу гласно - дури од Стразбург, се пројави кој друг, ако не докажаниот национал-швиноист и фундаменталист Ангел Џамбаски, европратеник од удбашкото ВМРО во Софија на Красимир Каракачанов.

Според фундаменталистот Џамбаски, ние Македонците сме биле "неосознаени браќа со измиени мозоци кои сме имале бугарско потекло", за да заклучи во некое негово видео-обраќање: "Македонија ќе биде дел од Бугарија".

Во една друга прилика истиот фундаменталист Џамбаски длабоко ги повреди нашите - македонски чувства, со тезата дека на 7 октомври 1946 година, кога од Софија, со најголеми почести беа испратени посмртните остатоци на Гоце Делчев кон Скопје, со што е исполнет и неговиот личен завет "Да почива во главниот град на слободна Македонија", коските од Гоцета наводно "биле расфрлани" по пат и дека гробот на Гоце не е во Скопје, туку во село Баница, каде тој е убиен и закопан!?

Анималниот антимакедонски излив на Џамбаски мене воопшто не ме изненадува! Впрочем, тоа нему, на неговиот лидер Каракачанов, но и на целокупното бугарско државно раководство, па и на "научните" институции како БАНУ, им е константа во односот кон Македонија цел век и половина, поточно од 1878 година кога е основано Конежевството Бугарија! Нереално е да очекуваме дека тие туку-така, преку ноќ, ќе се откажат од тие ставови.

Но нешто што особено загрижува е индиферентноста на Европскиот Парламент, чиј пратеник e Џамбаски и Европската Комисија бидејки званична Бугарија, членка на ЕУ, со такви ставови отворено манифестира   и р е д е н т и з а м, т.е. посегнува и кон нашата земја/територија (Ангел Џамбаски: "Македонија ќе биде дел од Бугарија"). Иредентизмот е едно од најчуствителните прашања за ЕУ и токму затоа се прашувам: Како тоа никој во ЕП/ЕУ не реагираше до сега на ваквото однесување на европратеник од Бугарија кон земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија???

Европската комисија има прилично големо претставништво среде Скопје и сигурен сум дека следат и знаат какви ветришта дуваат од Софија, но и од Брисел и Стразбург! Свесен сум дека тие се распаметени со Брегзитот, со пандемијата со корона 19 вирусот, сепаратистичките тенденции што отворено манифестираат и други нејзини членки, но да се премолчува за дирекни иредентистички тежненија, тоа навистина не можам да го прифатам!

Само се прашувам до кога???

2. Дилетантизмнот во македонското МНР продолжува! Министерот ни е во љубовен занес и нема време да решава проблеми, но затоа пак ни се случуваат невидени гафови на маѓународен план!

На пример, Македонија ја затвори својата амбасада во Канбера, а нема ни најава дека нешто се подготвува состојбите да се поправат. Сега, свесно или несвесно, македонското МНР надлежностите на амбасадата ги префрла во Генералниот конзулат на РМ во Мелбурн, што е исто така скандал без преседан! Колку за илустрација, ја пренесуваме депешата на македонското МНР до бројните асоцијации на многу-стотини илјадната македонска иселеничка заедница на петтиот континент":

From: Consular Canberra < Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите >
Date: Wed, Jun 10, 2020 at 10:45 PM
Subject: polnomoshna
To:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  < Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите >,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  < Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите >,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  < Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите >,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  < Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите >,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  < Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите >,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  < Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите >,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  < Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите >

Pocituvani

Site Polnomoshna, Izjavi, molbi i dr. ke se zaveruvaat preku Generalniot Konzulat vo Melbourne za slednite nekolku meseci.

Za poveke informacija ve molam da gi kontaktirate  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  i   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Telefonski broj od Konzulat 03/98672200

Што ќе помислат на овој дилетантизам надлежните во земјата-домаќин, Австралија, но пред се бројната македонска заедница - можам само да претпоставам (ми се крева косата од тоа), но некого, во прв план надлежниот министер за надворешни работи, очигледно мува не го лази и проблемот ќе бидел решаван  "за следните неколку месеци".

Невидено!!!

3. Странците отворено почнаа да се мешаат во нашите домашни работи и да влијаат на расположението на граѓаните во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 15ти јули. Така, по подметнувањето од страна на канцеларијата на ИРИ дека, според нив:"Заев водел по полуларност со еден процент пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски", неодамна се пројави и канцеларијата на фондацијата Фридрих Еберт (на германските социјал-демократи) во Скопје, која на истиот тој Заев му додели награда за неговиот придонес за унапредување на човековите права (Каков цинизам, читај: за капитулантскиот договор од Нивице и договорот за пријателство со Бугарија)!?

Вакви подметнувања сосема сигурно ќе има уште многу до денот на изборите 15ти јули, но затоа опозицијата, а особено медиумите што објективно ги следат предизборните активности, треба да се на готовс и навремено да ги жигосуваат, бидејки овие избори се од особена важност за опстанок на нашата нација! Црпнатиот од нива Заев воопшто не крие дека е спремен се, ама буквално се, да распродаде само за да опстане на власт!

Ние граѓаните мораме да го спречиме тоа со своите гласови!!!

4. Една порака до нашите сограѓани - Роми:  луѓе, немојте да ве лажат со подмитувања со пари или храна, но со порака "да гласате за СДСМ"!!! Земајте се што ви нудат за џабе, но гласајте според вашето убедување бидејки Македонија ни е единствена заедничка татковина и мораме заедно да ја одбраниме и сочуваме од напливот на фашизоидни тенденции од страна и од домашните колаборационисти за да не нема и да не постоиме!

Ќе се заложам лично за формирање на владина агенција за прашања за Ромите, што ќе се грижи за образованието на нивните деца, вработувања и други благодети што ни следат на сите граѓани на Македонија. Големото здание на скопското Кале кое покојната Есма Реџепова со тестамент го завешта на државата Република Македонија ќе го претвориме во центар којшто ќе се грижи на државно ниво за проблемите на Ромите. Апелирам до вас: Носите одлуки со главата, а не со стомакот за доброто на сите нас!!!
 
5. Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски упати деновиве едно сериозно предупредување до граѓаните дека се што предупреди ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во 2016-та година се исполни, се промени името, се спроведе Тиранската платформа. Тој предупреди дека може да биде и полошо и токму поради оваа причина граѓаните мораат да се издигнат над ситуацијата и да излезат да гласаат во што поголем број, бидејќи седењето дома е глас за Заев и СДСМ. И денес предупредуваме на можен инжењеринг, односно на последиците од ниската излезеност на овие избори. Затоа ги повикувам граѓаните во што е можно поголем број да излезат на овие избори и да ја изразат својата волја. 
 
Седењето дома значи глас за останување на Зоран Заев и на СДСМ на власт, предупреди Јакимовски!

6. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати сериозно предупредување до ДУИ на идејата за премиер Албанец! „Демократската унија за интеграција, изгледа се чувствува прекомфорно во тригодишната коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на којшто функционира со СДСМ ќе функционира и со сите останати политички партии!? Сакам да им порачам  да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред. И таков тип на барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство", изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност. Според Мицкоски, ваквата реторика и начин на однесување (на ДУИ, М.Тр) не само што не носи добро,туку напротив само ја заострува ситуацијата во држава и, според Мицкоски, поминаа времињата кога ДУИ се чувствуваше комотно и романтично во Владата на Република Македонија!!

7. ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО  В Е Д Н А Ш  ПО ИЗБОРИТЕ!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.