Среда, 24 Јуни 2020   
Манојил (Мане) Јаковлески: Одговорност после 15 јули мора да има!

1Mane

Социјалдемократите се здружија со ѓаволот за да дојдат на власт, а сега го уништуваат македонскиот народ и неговата држава.

Три години Зоран Заев и СДС владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира.

Економијата е далеку од ветените 5% раст. Администрацијата е партизирана. Функционерите наместо да работат, со нозете во вис го поминуваат работното време. Зоран Заев и СДС наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата. Се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик. 

Зарем Македонија го заслужува тоа?

Драги мои Македонци, лути сте знам, и јас сум многу лут за се‘ што се случуваше овие години во државава. Лут сум на сите оние кои заради лични интереси помогнаа циркузанти да ни ја водат државата.

Меѓутоа, како сите тие да заборавиле на елементот народ, навидум мирен, искусниот македонски народ кој ја препознава играта на оваа гарнитува на власт и не заборава, својот одговор ќе го даде на следните предвремени парламентарни избори на 15 јули.

Ниту еден договор, ниту еден акт донесен од Заев не може да го поколеба чувството на секој еден Македонец дека ние сме Македонци од Македонија, дека нашиот идентитет е Македонски и дека името на нашата земја е Македонија.

Заев и СДС се виновни за се што и се случува на државата последните три години.

Мал дел од Аферите изминативе 3 години владеење на СДС:

Афера Рекет – Над 20 милиони евра изрекетирани, Заев е главата на октоподот,

Афера КЕШ – Функционери на СДСМ на платен список на СЈО,

Афера Рекет 2 – Ден Дончев барал дел од парите од продажба на Диамед,

Криминални иновации – Испумпани над 10 милиони евра преку грантови од Фондот за иновации,

Епидемија на непотизам – Вработување на роднините на функционерите на власта во јавна администрација,

Прислушкување во ЈО – Обвинители и вработени во ЈО прислушкувани цела година, епилог нема,

Криминални тендери во РЕК – Испумпување на пари преку тендери за ископ и транспорт на руда,

1000 амнестирани криминалци – Над 1000 затвореници пуштени на слобода,

Афера Леонардо – Местење на 8 милионски тендер во М-НАВ,

Афера САРХЕМС – Местење на 70 милионски тендер за хеликоптери,

Крвави тендери – 35 милионски криминал со набавка на реагенси,

Афера испитни возачки центри – Лиценци за испитни центри за блиските на Заев и Спасовски,

Афера Дрон – Сопругот на Мила Царовска доби тендер за надлетување со дронови од власта,

Афера Боро Марлборо – Градоначалникот на Ново Село фатен во шверц на цигари,

Афера Марихуана – Лиценци за производство на марихуана за луѓе блиски до власта,

Драги мои Македонци, на 15 јули да го направиме последниот напор и да застанеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!! 

Вистинскиот Македонец знае како да добива и како да губи, знае да падне, за да мора потоа да се исправи, погорд и посилен од порано.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христија Мицкоски е единствената сериозна политичка партија која нелицемерно и отворено кажува кој е патот со кој може да се смени оваа реалност. 

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ.

Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

На 15 јули македонскиот народ ќе победи!

Одговорност после 15 јули мора да има!

1vmro9

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.