Среда, 24 Јуни 2020   
Со перо во раката може да се искорени коровот од македонската почва

11 1Свекрва

Раководството на владеачката партија е свесно дека ќе ги изгуби изборите и во очај тие се спремни да направат се за да ја сочуваат власта и да не одговараат пред лицето на правдата. Оттука како што дојдоа на власт така и се обидуваат да останат.

Дојдоа на власт со т.н. „бомби“, а сега пак користат друг вид за заплашување на поединци од опозицијата.

Меѓутоа, очигледно е дека не предвиделе дека опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ е решена да оди до крај за да го порази ова зло и дека ништо веќе не ја плаши.  

Во овој момент челниците на социјалдемократите освен за својот личен спас, воопшто и не размислуваат за опасностите во кои ја втурнаа државата, со доворот со Грција за промена на името, на договорот за добрососедство со Бугарија и за донесувањето на законот за употреба на јазиците.  Откако на ДУИ му успеа да го натера Заев да се донесе законот за употреба на јазиците, сега оваа партија бара за премиер да биде избран Албанец.

Иако лидерот на СДСМ Зоран Заев првично го одби ова барање, не е ништо чудно во очај и да го прифати, како што тоа го направи со прифаќањето на Тиранската платформа. Имено иако изгуби на парламентарните избори во 2016 година, СДСМ ја прифати платформата како услов за коалицирање со ДУИ и формирање на Влада.

Спротивно од лидерот на СДС, Зоран Заев, кој едно говори, а сруго прави, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски е човек кој држи до зборот.

Отфрлајќи секакви уцени, тој ќе каже: „Демократската унија за интеграција, изгледа се чувствува прекомфорно и комотна во ова тригодишната коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на којшто функционира со СДС, така и со сите останати политички партии. Она што сакам да им го порачам и на нив е да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред....“

Ваквото однесување на ДУИ доаѓа во време кога Белград и Приштина се притиснати од САД да се договорат за иднината. Во ситуација кога меѓу нив може да се зборува и за промена на границите, барањето на ДУИ кое ги доведува во прашање меѓуетничките односи е несодветно.

Во тој контекст треба да се внимава и на изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој и покрај договорот за добрососедство, се закани: „Добро знаете дека Албанците ви дишат во вратот. Така што, браќа, успокојте се, размислете внимателно. Вие сте добри Бугари, но сè уште не сте осознаени. Треба да помине малку време. Немајте гајле. Со кроце, и со малце ќотек, сè ќе си дојде на место.“ 

ВМРО-ДПМНЕ има политички став дека неодговорната влада на СДС му има нанесено големо зло на македонскиот народ со потпишувањето на штетни договори со соседите.

Единствен начин да се острани СДС од власта е народот да излезе на избори и да гласа за да не дозволи злоупотреба на позицијата.

На 15 јули со перо во раката може да се искорени коровот (СДС) кој почна да ја задушува македонска почва.  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.