|
|
Даум за избори донесен повторно со меѓународен фактор |
Даум за избори донесен повторно со меѓународен фактор Само во Република Македонија во последно време пред одредување на датум за изборно соочување за состав на законодавниот дом мора де се користи меѓународен фактор . Па така, по големиот притисок на аболицираниот лидер на СДСМ, бомбашот Зоки Заев, алијас Зоки Поки кој во време на корона криза, која за жал истата сеуште не може да се стави под контрола во нашата држава, најпрвин инсистираше на брз датум на изборно соочување (5јули) без претходно запазување на основните услови за фер и демократско гласање, а, тоа е: повторно прочистување на избирачкиот список , присуство на меѓународни набљудувачи за време на изборите и пред и над се задолжително донесување на протокол за гласање предложен од комисијата за заразни болести и истиот да биде усвоен со уредба со законска сила усвоен од актуелнава техничка влада. Зоки Поки инсистираше по секоја цена изборите да се одржат на таргетираниот датум (5 јули). Во електронските и пишаните медиуми бомбашот од Муртино најавуваше дека нема промена на датумот на избори и по цена на изборниот ден да има бојкот на избирачкото право од страна на опозициониот блок предводен од најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ. Потоа го предложи како последен понуден избор 8 јули. Но, благодарение повторно на меѓународниот фактор, но сега само со телефонски разговор, Зоки Поки омекна во своите предлози и конечно прифати 15 јули (среда), неработен ден да се одржат вонредните парламентарни избори во Република Македонија. Во оваа прилика не е на одмет да направиме една ретроспектива за изборните соочувања за сега претходниот законодавен состав. Имено, уште се свежи сеќавањата од 2016 година кога тогашната опозиција СДСМ упати голем број на барања пред тогашното избрано парламентарно соочување. Воедни такви околности мораше со спортски жаргон кажано топката да се спушти на земја и со помош нашатл - меѓународната медијација да се договорат условите за фер и демократски услови. Воедни такви околности мораше со спортски жаргон кажано топката да се спушти на земја и со помош на меѓународна медијација да се договорат условите за фер и демократски услови. По долги преговори се постигна т.н . Пржински договор каде беше потенцирано дека во иднина пред секое изборно соочување на 100 дена пред избори да се формира т.н. пржинска влада (по местото на одржување Пржино) каде техничкиот премиер ќе го предложи моменталната владеачка гарнитура, а за возврат опозицијата да ги добие министерските места за внатрешни работи и труд и социјала и заменички места во финансии, ИЗШВ и во министерството за администрација и информатичко општество. По овој урнек се формира и актуелната техничка влада за спроведување на вонредните парламентарни избори на чело со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Но, во минута до 12 сега сеуште актуелниот законодавен дом ( во вонредна состојба) и пред да се самораспушти штанцаше на ангро амандмани во законите за да се оддолжи кон сите засегнати страни кои учествуваа во гласањето за промени на уставното име со т.н. преспански договор со јужниот сосед и договор за добрососедство и соработка со источниот сосед. Но, од засега познати причини само на Зоки Поки и неговите поданицибеше разрешена Рашела Мизрахи - технички министер за труд и социјала, која беше номинирана. Зоки Поки во старт од 5-та брзина се брза за избори каде е 100% сигурен дека ќе го добие изборниот парламентарен натпревар за состав на новиот законодавен дом. Тој е сигурен дека со големите финансиски задолжувања кај ММФ, Светска Банка и пуштање во оптек на еврообврзница ќе “вбризга“ финансиски средства кај домицилното население, а тој за возврат ќе ги добие нивните гласови. За жал Зоки Поки овој потег нема да ти успее кај електоратот, кој не може да ги заборави твоите финансиски малверзации каде огромна сума на пари завршуваат во твоите семејни бизниси. Доста е со твојот арамилак од една и продавање на македонските национални интереси од друга страна. П.С. на крајот отвори ја душата и кажи за 2-та предавнички договори го набилда твоето финансиско салдо. Само да те потсетам во сега далечната 1999 година Циле за признавањето на Тајван си наплати дебело но, за жал од тој колач бериќет имаа само тогашните членови пред се на сега непостоечкиот политички субјект Демократска алтернатива. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |