Среда, 01 Јули 2020   
Слушајте го и сега!?

1goce markov

Гоце Марков - Дипломиран здравствен работник, Член на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Слушајте го и сега, или уште полошо, лажно тргнете ја одговорноста за се она што му се случува на македонското здравство!?

Наместо пример за граѓаните, да не речам херој добивме само гола статистика и уште поголема здравствена криза.

Вирусот слабее! - кажа и остана политички жив.

Задоцнети и несоодветни мерки со  висок процент на позитивни заболени по однос на број на тестови, се на се, здравствена катастрофа на Балканот (ако не и пошироко). И наместо да наведнат глава, да побараат домашна и странска помош, замислете, Тие напаѓаат Народ!?

Море не само Народ, напаѓаат се пред себе. Само и само, гола и пуста власт! Жално ама вистинито!

Разочараувачки промашени политички совети на Комисијата за заразни, популистички и дневно-политички одлуки за карантини, за полициски часови и намерно или ненамерно наметнување замерки меѓу Народ на верска основа.

Манипулативни и лажни бројки, сепак поразителни се само резултат на еден лош менаџмент на МЗ.

Covid 19 секојдневно го зема својот данок на починати и новозаразени. Ги доведовте луѓето на раб на нерви, до депресии, постојани стравови, еден индифернтен однос кон сериозноста и се тоа преку менување ставови и одлуки на дневна основа.

За оставки нема да говорам, малку се...

Одговорност пред граѓаните, морална и пред Закон!

Од Комисијата, од Министерот, од сите замешатели во Новата здравствена реалност која воопшто не е сјајна.

Го убивте македонскиот дух во сите оние чесни, дисциплинирани и тивки почитувачи на редот и законите, на сметка на здравјето на една цела нација.

Инаку до каде сте со масовниот скрининг на здравствените работници??

Респираторите на која граница се?

Или во недостиг на факти и идеи ќе пуштите се на диво и набафтана?

Здравството го поставивте на апарати а пред камери само  шминка!

Го разотуѓивте македонскиот народ!

Го одделивте од вакафското!Од исконското!

И сега, како да живееме сложно како Црква, кога не натеравте  да размислуваме за гробни места?

Не е срамно да не знаете, да не можете, ама ако е така, постојат Оставки постојат и Совети?!

Е сега, кој ,,јак како куче", а кој со два-три стента и еден бај-пас?

Така ли ќе ја тераме понатаму?

Шетате Друмови со пакети без вегета како лажни Кумови!

Колку му треба на еден Народ за да се освести и да ја фрли Богомолката од плеќи која после работата се знае што планира!?

Истата таа која сака да го оддели од Ближниот свој, од Здравјето, од се она што е човечко и законско?!

Слушајте го и сега!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.