Среда, 01 Јули 2020   
Цртички и отровни стрелички - 77
1martin1ЧИСТИОТ ЗАЕВ
  
1. Самиот почеток на предизборната кампања во Македонија недвојбено потврди дека таа ќе биде многу валкана и без било какви скрупули кон политичките опоненти.
 
Секојдневно од неидентификувани интернет портали изникнуваат скришно снимени разговори, таканаречени "бомби", од кои се наметнува впечаток за инволвираност на противникот во криминали и злоупотреби.
 
Бомбите што очигледно се како подршка на опозицијата за девалвирање на актуелната владеачка парија СДСМ се речиси без исклучок дирекно или индирекно поврзени со Зоран Заев (З.З.) и неговит брат.
 
Но секако најбизарно од се, се изјавите на З.З. дека бил ''чист" и  "невин", иако повеке од очигледно е дека работите и објавените "бомби" кажуваат нешто сосема спротивно. Впрочем, дали З.З. заборава, дали тој пати од амнезија или нас граѓаните не третира како малоумни, дека дури два пати беше аболициран, т.е пардониран од двајца претседатели на Републиката, за сторени тешки криминали!? Ако тој заборава - ние обичните смртници не забораваме, колку да му биде јасно!!!
 
Најтрагично од се е што З.З. сепак ужива подршка од некои земји во таканаречениот демократски (според мене: лицемерниот) запад и "длабоката" држава на кои - преку писма што наводно ги упатил до некои нивни амбасадори во нашата земја им ветил дека, /повторно наводно/, "ќе исполнел буквално се што ќе побараат од него, доколку го подржат да победи"!
 
Не знам дали народот, т.е. гласачите ја сваќаат сериозноста на ситуацијата но, со ваков политичар, Господ нека ни е напомош!
 
2. Злото што се вика Зоран Заев и стилот на работа што го наметна во државата со корупција и рекет на сите нивоа се причината зошто не добивме датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, иако тоа ни беше ветено!? Сосема јасни се маневрите на Брисел, Париз, Берлин, Амстердам, Копенхаген и уште некои ЕУ метрополи да ни го усложнат патот кон членство во елитното друштво на народи и држави - ЕУ. Впрочем, кој би сакал да е во исто друштво со криминалци и рекетари на државно ниво, каква што е грдата реалност (се надевам на заминување) денес во Македонија.
 
Работите најдобро и најдецидно ги дефинираше деновиве поранешниот лидер на Македонските Либерали Ивон Величковски кој многу јасно порача дека Заев е причина зошто Македонија не добива датум за почеток на преговори за членство! "Датумот нема да дојде додока е Заев", смета Величковски!
 
3. "Господинот Заев" (!?) - Во бројните предизборни ТВ спотови и дебати со што се преплавени македонските телевизии, лицето З.З. речиси редовно се ословува со "Господинот Заев". Во мојата кариера сум работел во многу земји на дури три континенти и сум срекавал секакви луѓе, од цареви и кралеви, до индустријалци и високи политичари и кристално ми е јасно што значи терминот "господин", или кои предуслови треба да ги исполнува некоја личност за да го ословуваат со "господин"! Лицето Зоран Заев според ниту еден критериум тоа НЕ Е! После гестот што го направи на една партиска средба во Прилеп кога на присутните им покажа со вкрстување на рацете, демек: "Евеви го, на..."; после обраќањето кон Боки 13 дека: "Нема да дозволам еден п'дер да ја турка владата на СДСМ"; после воскликот:"Ќе му 'бам името"; после заканата кон коалиционите партнери:"Ќе им 'бам мајката", после, после, после... Лицето Зоран Заев господин секаko не е!
 
Впрочем, тоа можеби најдобро го заклучи угледниот професор и екс-амбасадор Проф. д-р Арсим Зеколи кој јавно им порача на ЕсДеЕс-овците:"Откачете ја таа б'дала, пред да ве повлече во бунар"!.  
 
4. Грдата "слава" на негатривец бр. 1 во Македонија од неодамна убедливо ја превзеде македонскиот печалбар - дојденец од Австралија, ама по потекло од Заевото Муртино Даниел, наречен Ден, Дончев! Толку многу материјалi /снимки/ излегоа на површина за неговата вмешаност во криминални и рекетарски шеми што навистина се поставува прашањето зошто Обвинителството до сега не покренало истрага по допрен глас за испитување на наводите незаконски и криминални дејствија на Дончев. Видовме и снимки на ТВ како прима подебелки снопчиња кеш, а самиот навести во снимките дека операцијата е со "знаење и согласност на Зоки" (лицето З.З.).
 
Да се потсетиме на историјатот на феноменот Ден Дончев. Дојде пред изборите во 1998 г. од Мелбурн, Австралија, како претставник на меѓународно реномираната ревизорска куќа "Дилојт и Туш". Син на протестантски свештеник од Муртино, тој веднаш се вклопи во нашата средина, а по протестантска линија воспостави многу блиски релации со семејството на пок. Борис Трајковски. Се наметна дури и во политиката, а беше именуван за шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 1998 година. Воспостави и многу блиски релации со еден македонски тајкун кој се наметнуваше дури како канидидат за претседател на државата, а по победата на ВМРО-ДПМНЕ на тие избори Ден беше усполичен за лице број 1 во Македонски Телеком. Дали во Мак-Телеком се омрсил или не, тоа не знам, но мои познаници од Малбурн тврдат дека по неговото враќање во Австралија покажал многу пари!?
 
Авторите на "бомбите" за дејанијата на Ден Дончев како директор на Фондот за здравство (владин фонд со над 700 милиони евра годишен буџет) таа серија ја крстија "лепливи прсти", а дали навистина биле лепливи, тоа секако треба да го докажат надлежните институции - полицијата и обвинителството. (еднаш веќе беше повикан на разговор во полиција)!
 
5. Што се изнапишале партиите во своите предизборни програми - ако барем мал процент од тоа се оствари - кај ќе ни биде крајот!
 
 Како граѓанин се залагам:
     1. Растот на пензиите да го прати  (или да е блиску) до растот на платите;
 
     2. Да се објави војна на фармацевтската мафија и да се намалат најмалку за 50% цените на лековите (ретки се пензионери кои не е на лекарства!);
 
     3. Гилотина за извршителите, кои душмански го дерчат народот;
 
     4. Сет на мерки за бенефиции на жените-мајки, жените-работнички, жените претприемачи;
 
     5. Посебен однос кон земјоделците:
a) гарантиран откуп на целокупното производство по гарантирани цени;
б) субвенции за гориво, семенски материјали и хемикалии;
в) забрана за увоз или високи царини за увоз на тутун /за стимулирање на тутунопроизводството кое е во драстично опаѓање/; стимулирање на раноградинарски производи и традиционални култури како ориз, грав, јаболка и сл.
 
      Големи стимуланси за конзервната и преработувачката индустрија;
 
      6. Сет мерки за младите и спортот. Да се стимулираат организации како извидници и феријалци, за јакнење на патриотизмот и љубовта кон татковината кај најмладите; изучување на странски јазици и компјутери и сл.
 
      7.  Да ја претвориме Македонија во еколошка оаза, воспитувањето да започне од предшколска возраст, а екологијата да биде секојдневна тема со спотови и прилози на домашните телевизии!
 
      8.  Ме загрижуваат состојбите во САД! Mасовните демонстрации и манифестации на граѓанска непослушност, според новинските агенции негативно влијаат на популарноста на претседателот Трамп и ги намалуваат шансите за негов реизбор во ноември годинава. Состојбите со до сега невидениот излив на гнев, за што категорички тврдам дека се внимателно оркестрирани и спонзорирани од "длабоката држава", само ескалираат и постануваат се поагресивни (рушење на споменици, напади на полицијата и сл.).
 
Дури регистрирана е и изјавата на бившиот државен секретар Џон Кери, демократ, кој рече дека:"Доколку победи на изборите, Трамп ќе се соочи со вистински пекол".
 
Состојбите во американското општество, особено во контекст на престојните претседателски избори ме загрижуваат во прв план заради нас самите, овде во Македонија! Длабоката држава не тормози повеќе од една декада, ни наметна преку Тирана некаква платформа (платформа на ЦИА), двојазичност, промена на името и уставот, а токму таа ни ги интронизира (ги намести на позиција) Катица Јанева, Зоран Заев, Стево Пондаровски, Никола Димитров..... Ете, токму заради тоа и сум загрижен, ова зло да не има второ полувреме!!!
 
Опстанок на Трамп на опозицијата Претседател на САД ќе значи не само шанса за спас на Македонија, туку и за самиот него лично можност со пресметка и докрајчување на длабоката држава, глобализмот и сите црни сценарија на сатанистите од Вашингтон и пошироко.
 
Затоа Македонци во Америка и Американци од македонско потекло во САД се надевам знaете за кого треба да гласати во ноември годинава!? За Трамп, се разбира!!! Тоа, воедно, ќе значи и глас за спас на Македонија!!!
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.