Среда, 01 Јули 2020   
Нема земја за измамници, или, вицот за лудиот и збунетиот

1Straso

Поведен од насловот на култниот филм „Нема земја за старци“, текстов го озаглавив токму така – Нема земја за измамници. Тоа, верувам, на сите им е јасно, ќе биде пораката што граѓаните ќе ја испратат на 15-ти јули. Посебно оние измамените, оние прелаганите, оние за кои „лудиот“ само чекал „збунетите“ да му го свртат грбот, како во вицот за лудиот и збунетиот.

Гостувајќи на еден длабоко провладин портал пред некое утро, јас веќе ја загатнав тезата дека не ние кои веќе со години зборуваме за измамничката политика на Заев, туку токму членовите на неговата партија и оние од неговата коалиција, сега се чувствуваат најизмамени. Тоа се само оние, се разбира, кои имаат чест и морал во себе, кои, деновиве, не можат да им погледнат в очи на своите најблиски, на своите пријатели, но пред се’, на оние на чија врата тропнале пред четири години и побарале глас на изборите за коалицијата на Заев. За коалицијата на „шутите и рогатите“.

Тоа се оние кои мислејќи дека СДСМ е партија на современата социјалдемократска идеологија на 21-от век, со чиста мисла навистина верувале кога Заев им се колнеше дека нема промена на Устав заради промена на име, кога зачудено ги прашуваше дали постои некој што ќе воведе двојазичност на целата територија на државава, кога со својата „патриотска“ жица им се колнеше во Гоце Делчев. Обични граѓани кои си го сакаат и името и јазикот, а од Делчев не би се откажале по никоја цена. Тоа се оние, кои измамени од лажната слика за рајот во ЕУ и НАТО, за жал, проголтаа и она што не се проголтуваше, а од што денес се засркнуваат.

И, барем во десеттина текста до сега, пишував дека токму тие, измамените социјалдемократи на кои Заев им ја киднапира партијата, имаат обврска да си го вратат СДСМ во свое владение, да расчистат со измамничките политики и од позиција на современа социјалдемократска мисла, да и помогнат на новата Влада на коалицијата „За обнова на Македонија“ да ја сопре ерозијата на државата и губењето на идентитетот на државните институции.

Јас сум свесен дека стравот од „семоќниот“ владетел, кој управуваше и со Владата и со судството и со обвинителството, беше толку голем што луѓето молчеа и колнеа во себе, но денес, денес кога „царот е гол“, кога сета празнотија, некултура, непочитување на ништо и никого, дволичност до ниво на одвратност, излегоа на површина, токму денес е моментот да расчистат со него. Додека сеуште има време да ја зачуваат така прочистената партија, која поинаку, заедно со него, ќе замине во историските црни странички.

Но, измамникот не би бил тоа, доколку до крај, по секоја цена, не се обиде со нова голема измама да го одложи своето паѓање во калта и одговорноста пред народот кого го измамил. Па, така, пешки, со железните опинци на нозе, (кои, искрено речено и му прилегаат) бидејќи, нели, „мерцедесот“ го продаде и со тие пари купи амбулантни возила, тргна по оние речиси илјада километри новоизградени патишта, патем проверувајќи како работат новоотворените гиганти како Гугл и Фејсбук, за да ја втурне Македонија во една нова голема измама. А, новата измама му е потребна зашто е свесен за неколку работи:

  1. Тој е свесен дека рејтингот на СДСМ е во забрзано надолно движење и дека дури и дел од членството, а уште поголем дел од симпатизерите, овојпат, чувствувајќи се „извалкано“, нема да гласаат за нови измами и рекети. Тоа ќе рече дека е свесен за можеби најмалиот број на гласови што СДСМ ги добил на некои избори од своето постоење, а кои му следуваат на 15 јули.
  2. Длабоко е свесен дека дури и „пилотите“ од Арачиново, односно огромен дел од измамените Албанци, овојпат ќе му го свртат грбот, па ниту Беса, која, самостојно, меѓу Албанците, никако не би собрала доволен број гласови за 5 пратеника, како коалициски партнер не може да му помогне, туку, за жал, тој, Заев, правејќи погрешна математика заради историската измама за прва предизборна мултиетничка коалиција, преку гласовите на Македонците, на Беса ќе и ги обезбеди тие пратеници.
  3. Свесен е дека и „меѓународната заедница“, која после претседателските избори во САД, ќе пристапи кон решавање на т.н.р косовско прашање, свесна за неговото измамничко, ситнопазарџиско однесување во политиката, а барајќи стабилни влади во косовското опкружување, ја согледува сериозноста во политиката на коалицијата „За обнова на Македонија“. Во контекст на ова и неспоредливоста на кандидатите на двете коалиции. На пример, истрошени кандидати од типот на Радмила Шеќеринска, од една и, современи политичари, веќе светски реализирани, од типот на Игор Дурловски, од другата страна.
  4. Уште повеќе свесен дека и покрај опасноста од корона вирусот, а токму заради неспособноста на неговата Влада, народот е исклучително мотивиран за изборите на 15-ти јули. А, таквата мотивираност значи само едно – убедлива победа на опозицијата, односно на коалицијата „За обнова на Македонија“.

Токму заради тоа, Заев, со својата ситнопазарџиска логика, подготвува нова измама, со која се надева дека ќе го намали контото на гласови на опозицијата и потоа, одново, продавајќи ги химната, знамето, па и премиерското место, ќе се задржи на власт во една неуставна, нецивилизациска и длабоко апартхејдовска коалиција. Затоа, на сите начини форсира новоформирани, ребрендирани, недоформирани партии, здруженија и поединци за да ја шират измамата.

Па така, тие, доброплатените, со средства за кои можат само да сонуваат и поголеми и веќе етаблирани партии, присутни по сите медиуми, шират неколку превртени тези, со кои треба да и’ наштетат на опозицијата, а да му помогнат на „господарот на лагите“.

Најексплоатирана е тезата дека сите се исти, дека, нели, „Курто и Мурто“ се две страни на една иста паричка, дека се управувани од „Калето“; па, тезата дека не е СДСМ виновно што ги изврши злосторствата врз сопствениот народ и држава, туку ВМРО ДПМНЕ што не ги спречило; па тезата дека само тие, од новоформираните партии, се патриоти, а сите други предавници кои надошле од незнам каде во, според нив, ДПМНЕ, а дека токму тие се ВМРО; па, дека националната идеја и се’ што значи отпор против разнебитувањето на Македонија започнало со нив и токму на денот на нивното формирање и; конечно, дека токму тие, за 50, за 100, за 150 дена ќе го вратат името и ќе ги поништат сите можни договори. Па такви, запенавени во својот лажен патриотизам, во многу наликуваат на лажните лекови кои ви ги продаваат надрилекарите, а кои лечат се’, ама буквално се’.

Некои од нив, пак, кои не успеаја ниту да се регистрираат, па како такви не можат ниту да учествуваат на изборите, ја туркаат најизмамничката теза за бојкот. Тезата дека преку неизлегување на избори ќе успееле да ја урнат власта на Заев и државата да ја врателе на народот. Да читаш и да не веруваш. Но, денес на Заев и секој еден глас помалку за коалицијата „За обнова на Македонија“ му е голем како планина, па, и преку вакви, „верувале или не“ тези, го турка проектот „Нова предизборна измама“.

За среќа, им доаѓа крај на лагите и на измамите. „Шутите и рогатите“ и сите оние кои „лудиот“ ги сметаше за „збунети“, ќе им го покажат патот на набрзина инсталираните нови измамници и, посебно, на човекот со железните опинци. Патот кој е едносмерен и од кој нема враќање. А, потоа, дури потоа почнува борбата за Македонија и нејзиното достоинство.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.