Среда, 08 Јули 2020   
Зависта во својот основен дел е особина на примитивни души

1abСвекрва

 Македонското ослободително движење најмногу страдало од самите македонци, од нивното славољубие и користољубие.

Покрај кристално чистите македонски родољубци, кои во борбата за ослободување на Македонија ги жртвувале не само своите имоти, туку и своите животи, во редовите на македонското движење секогаш имало, а за жал има и денес, славољубци и користољубци, кои станале дел од тоа движење за да живеат на негова сметка или да си стекнат слава.

Македонското ослободително дело многу страдало и уште страда од болеста ЗАВИСТ, која мораме да признаеме, е една наша македонска национална особина.

Оној што читал малку повеќе историја за Внатрешна Македонска Револуционерна Организација не може а де не се запрепастил од многубројните криминални дела направени од македонци против македонци само од завист, славољубие или користољубие.

Познати се случаите кога некој од завист болен четник затоа што не е војвода, му пука во грб на својот војвода за да ја добие неговата позиција! Од таа пуста завист селски војводи се стремеле да станат реонски, реонски да станат околиски, околиски да станат окружни, а окружни да станат членови на Централен Комитет, и во таа битка за стекнување на слава се леела братска македонска крв, гинеле чесни и способни раководители, слабеела силата на револуционерната организација, а нашите итри соседи знаеле вешто да ги користат овие завидливци за обезглавување на македонското движење. Македонци биле наговарани од агентите на службите на нашите соседи дека тие како „поумни“ и „поспособни“ од некој раководител на македонската револуција би требало да го убијат и да го заменат. Од вакви славољубци паднаа убиени цела редица умни и способни раководители на македонското револуционерно движење.

Нашата национална историја е полна со светли личности, со прави светии, но за жал таа обилува и со мизерни фигури, со самоуништувачи на македонското револуционерно движење, кои од славољубие и лична корист биле во состојба да клеветаат и плетат интриги, а не ретко и да пролеваат братска крв.

Искрените и чесните македонски патриоти никогаш не смеат да ги испуштаат од пред своите очи ваквите мизерни фигури затоа што ако тие навреме не бидат спречени македонското дело не може да мрдне ни чекор напред.

Зависта во својот основен дел е особина на примитивни души, кои поради својата умствена ограниченост не успеале да си изградат почит и престиж во својата средина по нормален пат, па со подлости сакаат тоа да го постигнат.

Простакот не е исто што и неук, необразован човек. Неукиот или необразованиот   човек   се   разликува   од   простакот со својата скромност и својата чесност, тој не се прави дека знае она што не знае. Простакот се „знае“ и е подготвен да направи секакви подлости само да успее во она што го намислил.

Простаците мислат се „знаат“, а всушност со своето незнаење на Македонија и нанесуваат огромни пакости. Во Македонија денес имаме повеќе живи примери за луѓе кои работат против интересите на Македонија.

Единствен начин да се остранат  да работаат против интересите на Македонија е народот да излезе на избори и да гласа Бр. 14 за да не дозволи злоупотреба на позицијата. Само со перо во раката може да се искорени коровот кој почна да ја задушува македонска почва. 

 Драги мои Македонци, на 15 јули да го направиме последниот напор и да застанеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!! 

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христија Мицкоски е единствената сериозна политичка партија која нелицемерно и отворено кажува кој е патот со кој може да се смени оваа реалност. 

Време е денес, ние Македонците сами да се запознаеме, да се видиме во огледало и да се запрашаме, со какви дела сме и помогнале на Македонија.

#ИсправиСеМакедонијо

#ОдбериОбнова

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.