|
|
Бомбите ваши не се "хумани" ко бомбите наши. Така некако му иде според СДС менталитетот |
Александар Џеповски Катица заглави од тие пусти бомби и почна да се соблекува гола. Сега ќе треба да очекуваме од Радмила Шеќеринска кога ќе заглави, само најлоши форми на перверзии со цел да се прави луда и полуда од Катица. Можеме да замислиме што ќе се случи со Црпко и Вицето за наредбите на палење автомобили на членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, за рекетот и сите криминали, во очекување на јавна еротика среде Камениот мост па се така до мостот Гоце Делчев. Шега на страна, ама многу бомби излегоа и ќе излезат, само едно ме мачи - ги нема никаде стратешките партнери и нивните бивши " апостоли " Бејли, Хан, Могерини, Ван Хојте. Ете и новите им "апостоли" никако ниту едно зборче да зуцнат. Што ќе беше ова? Лично јас уште чекам доказ Груевски дека украл и 5 евра и се разбира по која логика влијаел за Мерцедесот во кои се возат Црпко и неговата фамилија? Бомбите против СДС се атомски, нуклеарни бомби за век и веков. Бомбите на Црпко беа од видот шу прајш бе, приватни монотони разговори, сечени, лепени, долепени. Доколку има правда и ред, би требало на 15 јули СДС да изгуби катастрофално со 50 : 1 на мали голчиња. Тие се спремни и работат на голем изборен фалсификат, со однапред наполнети кутии. Народот Македонски треба да стори се и да го спречи овој злосторнички акт што го припрема СДС. Поправен не смее да има сега, може понатаму, но сега во овој момент треба да се стави крај на Црпковата ера помогната од фашистичката длабока држава на чело со Сорос и неговата банка. Со бомби дојдоа, со бомби ќе си одат. СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА. АМИН !!! |