Среда, 15 Јули 2020   
НАД НАСЛОВ: ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 79
1martin1MАКЕДОНСКАТА НАТО-САГА
  
1. Во моментов кога го пишувам овој прилог на снага е молкот пред предвремените парламентарни избори закажани за во среда, 15ти јули. Со други зборови, не би било корекно да упатувам политички пораки (тоа би се протумачило дека продолжувам со кампањата) и критики за лицето З.З. и неговата дружина за сите зла и понижувања што ни ги приредија во изминативе три и пол години. Од тие причини одлучив да се навратам на нашето - сега веќе полноправно членство во НАТО, тема за која З.З. и неговите мавтаат во секоја прилика прикажувајќи ја како еден од најголемите успеси на македонската надворешна политика во изминатиов три и пол годишен период. Можеби и е (зависи кој како гледа на работите), но тпа не е само негова заслуга и на она штп се нарекува негова влада, туку некој ред нив многу нешто сработил и придонесол за членството! Но клучно прашање е: која е цената што ја плативме како земја и народ?Нашиот прием е без преседан во историјата на Алијансата, од нејзиното основање во 1949 година! Во тоа не треба да има никаков сомнеж!
 
Но, да се осврнеме на почетокот на историјатот на македонскиот од кон членство во НАТО. Македонската НАТО-сага неминовно предупредува и на враќа на поделбите на Македонија во Балканските војни (1912-1913), на бруталната асимилација и вистински геноцид ште уследи во сите делови од поделена Македонија од нејзините окупатори, па дури и по 1945 година, како составен дел од поранешната федерација во рамките на која имавме полунезависен статус!? Македонија под притисок од северот (благодарение на поданичкиот однос на нашите тогашни раководители кои како средновековни феудалци раздавале делови од државата) e една од ретките, ако не и единствена земја во Европа која во мир губеше територии (подарената територија околу манастирот Св. Прохор Пчињски, отстапена e територија кај цементарницата кај "Генерал Јанковиќ"  и др.), што е преседан дури и во меѓународната политичка пракса! Апетитите на соседите кој македонската територија и се што е македонско дури и денес, за жал, не стивнуваат!
 
Погоре изнесеното го пишувам за да укажам дека ние, македонците, многу добро знаеме што значи похлепата од соседите кон македонската земја и целокупното наше културно и историско наследство. Токму од тие причини за да не дојде до нови, слични искушенија, по прогласувањето на независнопста во септември 1991 решението го гледа(в)ме во членство во единствената воена организација НАТО, како гарант за нашата безбедност и територијална целовитиост!. За да се постигне таа цел Македонија не чекаше милост и симпатии од други, туку самата дирекно придонесе во мировните операции против разулавените национализми што доведоа и до невидени злосторства во делови од распаднатата федерација. Македонија за да помогне ги стави на располагање своите патишта и аеродроми, својата земја и небо, а некои операции на Алијансата за пацифизација на состојбите во бившата федеерација. а операциите на НАТО не можеа ни да се планираат 1999 без дирекно учество и помош на Македонија. Со други зборови, што би рекол нашиот народец, уште душата на маса да им ја понудевме, до таму бевме спремни да ја докажуваме својата лојалност кон Алијансата, а како на сето тоа ни се врати???
 
Наместо како награда за нашиот придонес со брз прием во НАТО, нам ни беше наметната војна во 2001, со многу разурнувања и стотина изгубени млади животи на македонските бранители. НАТО дирекно ги дислоцираше балистичките терористи од Арачиново, на кои им претстоеше целосно уништување од нашите безбедноси сили. но некогашните терористи од ОНА, сега костумосани како политичари, под строга контрола и прецизни инструкции од "длабоката држава" веќе две децении, како составен дел од власта, континуирано ни ја редефинираат  државата.
 
Но зошто дојдовма во ваква ситуација да не рекомпонираат и обезличуваат по нивни терк, и да ни го редистрибуираат и препишуваат на други нашето национално битие, култура и целокупно минато!?
 
Тие тежненија според моето мислење започнаа веднаш (а не исклучувам и пред тоа) по Букурешкиот самит на НАТО во 2008 година. Таму американците добија невидена шлаканица од нивниот сојузник во НАТО Грција, каја не даде подршка за нас во рамките на американскит проект А3 + САД за прием на Македонија, Хрватска и Албанија во членство во Ачлијансата! Иако претседателот Џорџ Буш јуниор во три наврати во Букурешт беше категоричен дека три нови членки ќе се придружат на Алијансата, тоа не се случи! И наместо САД да ја казнат Грција за ова понижување штп го доживеаја, тие својот гнев го истурија на нас - како послаба карика и веднаш по Самитот во Букурешт започна операцијата на ЦИА и Стејдепартментот за конечно (!?) решавање и анулирање на таканареченото македонско прашање!? Операцијата се разбукта особено во 2010. година со нелегалното следење и снимање на тел. разговори, а доби на интензитет со активирањето на "невладините организации" и Шарената револуција, што доведе до пад на легално избраната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Иако солцијал-демократите на изборите 2016та ги изгубија изборите, победничката партија ВМРО-ДПМНЕ сепак не беше во можност да формира влада заради дирекното мешање од надвор во нашите внатрешни работи, но и интервенцијата на инсталациите на "длабоката држава" во земјата.
 
Еден детал во сите овие замешателства од страна, длабоко се врежа во моето паметење, а сметам дека кажува многу за тоа што се ни се случуваше, или подобро речено, што се ни подготвија нашите стратегиски партнери за да си ја постигнат својата цел. Имено, во 2016., цитирајки извори во ДБК (пред да ја превземат власта  социјал-демократите), во некои македонски портали се појави кратка вест дека: лицето Зоран Заев 17 пати пешки го поминувал граничниот премин Дојран-Дојрани, за утредента со кола да го донесат на преминот Богородица, кај Гевгелија!? Очигледно со З.З. се работело - инструктажа, совети како да је превземе власта (мимо вољата на народот и гласачите) и што се треба да направи за да се надмине грчката блокада за прием на Мкд во НАТО, конкретно да го смени името на државата и Уставот за земјата! И не само тоа, З.З. да прифати и имлменетира се, ама буквално се што "експертите" отаде барата зацртале во "Тиранската платформа" (читај платформа на ЦИА) - двојазичност, формирање на нова северџанска нација по 1945 година, а нашето минато од антиката, средниот век, па се до крајот на II Светска војна да се одстапи на ѕацна на Грција и Бугарија!!!
 
З.З. тоа им го испорача, а за начинот како го изведе тоа, мислам дека ќе го проколнуваат генерации.
 
Но и покрај полноправното членство во НАТО работите од наша страна ни од далеку не се поставени како што би требало да бидат, а што јасно говори за некадарноста на власта и особено за нејзиниот МНР на заминување!. Македонија сега како полноправна членка сеуште н е м а  амбасадор во  НАТО, ниту воен претставник што само по себе е невидена бламажа (не би требало за се да се бара оправдување во пандемијата со корона вирусот!).
 
НАТО, т.е. американците и подарија на Хрватска 300 репарирани тенкови и огромни количества на воена техника и опрема, ама не сум чул ни најава дека нешто слично подготвуваат кон нашата земја (Турција со години наназад билатерално ни доделуваше помеѓу 3,5 и 5 милиони долари воена помош годишно, но по воспоставувањето "стратегиско партнерство" со Грција, туку -така, преку ноќ и на хартија, и давањето право на Грција да го контролира нашето небо со билатерален договор (air policing), што не е пракса во НАТО, не сум сигурен дека ќе продолжи да ги порави тоа).
 
И сега што? Како понатаму? Македонската НАТО-сага не е доискажана! Иако учествувавме со војска во заливската војна, во инвазијата на Ирак и ловот на Садам Хусеин, операцијата ИСАФ во Авгнистан и други операции, Македонија за возврат не доби речиси ништо од НАТО! На НАТО му требаше цела една деценија да ни рефундира трошоци за поправка на мостовите и други сообраќајници што беа оштетени од многубројните тешките возила на пат за Косово.
 
За членството во НАТО платена е превисока цена со промена на името и уставот на државата. Останува горчливото чувство дека заради немањето на консензус не не примија порано - демек, наводно, немало друг начин да не примат во членство!? Но, според мене, повеќе се работи за немање воља од главните играчи во Алијансата проблемот со грчката блокада да се бајпасира на друг побезболен начин, мимо фамозниот консензус! Впрочем, за многу операции на Алијансата во минатото немаше консензус, а како илустрација  да потсетиме: немаше консензус за инвазијата на Ирак. за нападот на Либија и симнувањето на Моамер ел Гадафи, за бомбардирањето на скратената Југо-федерација и сл. Но тој фамозен консензус не ретко е сериозна пречка и во семиот НАТО. Заради несогласување меѓу членките, земји како Австрија и Израел (кои не се членки, туку земји-паранери) не можат да чествуваат во операции на Алијансата!
 
Како и да е, денес сме  в н а т р е, во Алијансата  како полноправна членка рамноправна со сите останати и нашиот глас има иста тежина како и на другите членки. А можеме ли да ја искористиме таа ситуација и за економски бенефити? Секако дека можеме и треба да ја искористиме. Тука гледам шанса за индустријата за наменско производство во Прилеп, за капацитетите во Самоков и во некогашниот металски завод во Скопје... Но треба да се најдеме себеси - што можеме да понудиме и да инсистираме да ни се додели да го работиме тоа што можеме да го сработиме! За илустрација, Словенија како членка се специјализира за чистење на нагазни мини (и принцезата Дајана беше посветена на оваа тема) и за тие операции остварува 350 милиони евра годишно.
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.