Сабота, 18 Јули 2020   
Ламбе Арнаудов и Мане Јаковлески: Претседателе Христијан Мицкоски, главата горе!

1lambe

Ламбе Арнаудов

1Mane

Мане Јаковлески

Македонија за жал денес повеќе наликува на мртовечница отколку на среќна, радосна и животодарувачка татковина каква што нашиот народ заслужува.

Димната завеса која ја создава СДС заедно со поткупените за грст долари одродници се само уште еден силен мотив за ВМРО-ДПМНЕ, уште поодлучно да се консолидира и да ги збие своите редови.

Тоа што се случи на парламентарните избори е само резултат на изборен инжинеринг, со единствена цел СДС да остане на власт за да ја доразнебити нашата татковина.

Во овие мигови, кога минатото ни се пресликува во сегашноста, кога повторно ни е наметнато прашањето за нашиот идентитет потребно е храбро, одговорно и гордо да кажеме - Доста е!

Единствена партија во овој момент која претставува пречка во (до)распродажбата на македонските национални интереси е ВМРО-ДПМНЕ. Свесни за тоа, многумина се обидуваат на секаков начин да направат раздор во ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките трансексуалци од дружината на Зоран Заев и партиските трансвестити кои ја посакуваат главата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се најсигурен доказ дека предавниците се плашат од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ .

Да се ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја е од­го­вор­ност, од­го­вор­ност на илјад­ни­ци кои се бореле, а го­лем дел го да­ле жи­во­тот, тоа е од­го­вор­ност и кон ид­ни­те на­ши поколени­ја. Но, за да се направи тоа, членството на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде единствено и целосно да ја даде својата поддршка на Христијан Мицкоски кој треба да ги продолжи светите идеали на нашите претци.

Претседателе Христијан Мицкоски, прифати да бидеш лидер на ВМРО-ДПМНЕ со тешка задача, да ги продолжиш големите идеали во време кога е тешко да се биде Македонец. 

Изборниот инжењеринг што ни се случи на предвремените парламентарни избори се само уште еден силен мотив за ВМРО-ДПМНЕ уште поодлучно да се консолидира и да ги збие своите редови.

Претседателе Христијан Мицкоски, немој да потпаѓаш под било какви притисоци, закани, уцени и манипулации од страна на активисти и функционери на СДС. Тие не бираат ниту начин, ниту средства, само да ја задржат и да ја злоупотребат власта на штета на целиот народ и државата.

Претседателе Христијан Мицкоски, заради доброто на нашата држава и заради доброто на сите граѓани во Македонија, главата горе!

Претседателе Христијан Мицкоски, ја имаш нашата поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ Вечно!

Македонија вечна!

АМИН!

 Ламбе Арнаудов и Манојил-Мане Јаковлески

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.