|
|
Александар Џеповски: Се срамам како Македонец од вакви наместени избори |
Александар Џеповски: Се срамам како Македонец од вакви наместени избори Овакви избори нема ни во Занзибар, ниту во Тунгузија па дури ни во најзаостаната џунгла кај најзаостанати луѓе. Се поминаа сите граници и црвени линии и секое понатамошно гласање или глумење демократија е само една криминална фарса во која само единствено Бог знае што се случува и каков вид на криминал се практикува преку нив. Но најповеќе е зачудувачки големиот безобралук од Калето и Хановци со Могеринките. Главата на сите ни ја дупнаа од делење лекции за нивните напредни мозоци а ние прости и заостанати ете сме требале на нив да им се поклонуваме и бараме дури датум за преговори во нивниот лажен свет и "демократија" со "најправедни" избори. Секој еден што не се согласува или наоѓа и 1 милиметар негодување на мојот гнев како и на сите нормални Македонци, нека оди да се лечи и прегледа и преиспита на психолог и психијатар. Уште еднаш ќе повторам - ВАКВИ ИЗБОРИ СО КРИМИНАЛ НЕМАЛО НИКАДЕ НИТУ ЌЕ ИМА. Народот само нека спие и нека не очекува подобар живот за себе и своите деца и внуци. Една работа видов и научив на Западот каде живеам 35 години. Секој западњак дава дете и живот за државата а кај нас во Македонија македончето зема од државата за да му даде на детето свое. Тие имаат посилна држава а ние послаба до умирање. Мојата борба ќе продолжи само за Македонија и уништување на името Северна. Срамот од оваа генерација која не мрднува со малото прсте за Македонија останува како пелин во градите но сепак се надевам на поубаво утре и иднина на мојата Македонија. ВАКВИ ИЗБОРИ И КРЕАТОРИТЕ НИВНИ ЗАСЛУЖУВААТ САМО ЕДНО - ОТФРЛАЊЕ НА НИВНИТЕ БОЛНИ МИЗЕРНИ ИДЕИ И БОРБА ВО КОЈА ЌЕ БИДАТ ТОТАЛНО УНИШТЕНИ ДО КОСКА И НЕКА ИМ СУДИ ГОСПОД, НИКАКО РУСКОВСКА ИЛИ КАЦАРСКА. АМИН !!! |