Среда, 29 Јули 2020   
Политичко - математички лудории по македонски терк

1 rubin jovanoski

Рубинчо Видое Јованоски

Политичко - математички лудории по македонски терк

Во една фер и демократска атмосфера со инциденти се одржаа десеттите по ред и 5-ти вонредни парламентарни избори во независна Република Македонија.

Конечно по цели 18 години пост плавите момчиња кои во последниве неколку години ја преферираат црвената боја на чело со бомбашот од Муртино Зоки - Поки забележаа минимална победа над лутиот политички ривал, а тоа е најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ.

Но во оваа прилика редно е да направиме една ретроспектива во сега далечната 2002 година кога СДСМ на чело со тогашниот претседател на партијата и неговите поданици Б.Ц забележаа убедлива победа над ВМРО ДПМНЕ на чело со тогашниот претседател на партијата Љупчо Георгиевски. Во тоа време лицето Б.Ц за време на тогашната изборна кампања ветуваше брда и долини само да дојде на власт.

Во една таква победничка атмосфера напатениот електорат наседна на лажните ветувања на лицето со иницијали Б.Ц.

Најголемата лага кажана во тоа време од мецената Б.Ц. беше дека ако дојде СДСМ на власт веднаш ќе има вработување на барем еден член од секое семејство.

Се дојде на власт со убедлива победа, но за жала ветувањата останаа само пишани на хартија.

Напротив започна да се разнебитува земјата на етнички план од една, и да се продаваат финансиски добро стоечките претпријатија од калибарот на тогашното ЕСМ од друга страна.

Лицето Б.Ц. и неговите пулени, иако крадеа на големо имаа со спортски жаргон кажано гол шанса да бидат подолго време на власт, од причини што тогашното ВМРО ДПМНЕ се подели.

Практичен репер за тогашната погубна политика на СДСМ во сите сфери од општествениот живот беше сега далечната 2005 година кога на локалните избори ВМРО ДПМНЕ извојува убедлива победа.

Наредната 2006 година ВМРО ДПМНЕ забележе уште една убедлива победа, овој пат на централно ниво. Тоа беше потоп и невидена катаклизма на плавите момчиња кои цели 11 години потоа тапкаа опозиционо во место.

На парламентарните избори во 2016 година плавите момчиња на чело со момчето од Муртино кој ветуваше живот во нашата мила и напатена Република Македонија резултатски се доближи на тогашната актуелна власт на чело со ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ почна да преговара за состав на влада со победникот од албанскиот политички кампус, а во тоа време тоа беше ДУИ кој со т.н. тиранска платформа постави големи националистички барања.

ВМРО ДПМНЕ не ги прифати уценувачките барања на ДУИ на чело со Али Ахмети, па така како 2-ро пласирана партија СДСМ направи политички дил со Али Ахмети и формира влада.

Таа владина коалиција на незаконски начин го избра Талат Џафери за претседател на законодавниот дом.

Во трите години владеење на СДСМ се направи во буквална смисла на зборот предавство на нашата држава. Имено најпрвин со јужниот сосед со т.н. Преспански договор се промени уставното име на државата на Република Македонија.

Потоа со Бугарија се склучи Договор за добрососедство и соработка. Но, во последно време источниот сосед го негира постоењето на македонскиот јазик од една и македонскиот револуционерен деец Гоце Делчев го направи Бугарин.

Криминал на секој чекор каде на 1-во место секогаш предничи Заевата фамилија.

Оваа е македонско - политичка ретроспектива.

Сега да ја видиме сегашната реална постизборна слика во Република Македонија.

СДСМ сега со албанската партија Беса има 2 пратенички мандати повеќе од ВМРО ДПМНЕ, но, овде има битна разлика, од причини што СДСМ победи со помош на албанските гласови за разлика од ВМРО ДПМНЕ кој освои гласови исклучиво од неговото членство. Во албанскиот политички кампус победи повторно ДУИ кој за време на изборната кампања го номинира Насер Зибери како иден премиер на Република Македонија.

Сега во една ваква сложена ситуација да видиме кој политички потег ќе го повлече Зоки - Поки од него само да ја спаси сопствената кожа може само да оди на губитнички потег. Зоки - Поки прочитана личност си од македонскиот електорат. Сега почни да правиш политичко - партиски лудории. Втора опција ти е карта во еден правец кај јужниот сосед.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.