Среда, 29 Јули 2020   
Таму каде што голата политика се проституира таму нема нов културен дискурс...
1Goce MarkovГОЦЕ МАРКОВ - Македонец, Човек и Автор
 
Таму каде што голата политика се проституира таму нема нов културен дискурс...
Афирмативно и без предрасуди се воведе една нова сублимирана компилација од интерес и цел наместо од норми и принциои. Кој прв почна ММЕ... ама сепак само резигнација и минато време наместо нова определба на Македонецот за нов Живот, поинаков, културен, европски сеедно, сепак доста близу до неуспех...
 
Во општествената и културната теорија, последниве три децении се форсира една определба, што тежнее кон тоа, да ги ревидира скриените империјалистички предрасуди и тенденции, вградени во академскиот дискурс и анализата, на ткн. не-европски, или култури од ткн. трет свет. Почнувајќи со книгата на Едвард Саид ‘Ориентализам’ (1978 г.), книжевната наука се збогати уште со една епистемолошка можност, за соочување со, и ревидирање на, сопствените имаголошки заблуди, сопствените манипулаторски автоконструкции.Исто е и кај нас во Македонија и ние вриеме од тој не-сензуален и не-конзистентен тип на социјална хипокризија, и наместо да глумат Светци после Избори да Работеа како Мајстори и ткн.,, Генерали" на Организацијата?!
 
Силна насока на академските проучувања даде силен замав за подемот на ткн. пост-колонијална критика, која, во прво време, мета-критички го просудуваше самиот дискурс на (имагинацијата и нејзините тези и, со тоа, идеолошките деформации во) книжевната наука – за подоцна, да опфати и пошироки аспекти на социо-културната еманципација, кои се однесуваат на разоткривањето на структурата на имплицитните механизми и процеси на економската, политичката, културната експлоатација, манипулација, односно, потчинувањето, што го претрпуваат ткн. “колонијални” и колонизирани култури.Па сега Вие експлицитни Мои...
 
Кажете ми во која категорија сме Ние, Македонците, Денес на 28-ми Јули Лето Господово 2020-то?!
 
И денес, благодарение на рафинираните и комплексни пост-фундаменталистички престројувања во пост-модерната теорија, атрибутот постколонијален, може да се разбере и во најшироката епистемолошка конотација, што подразбира “опирање на умот спрема тиранијата на тоталитетот” (В. Бити, 1998), значи, не само во социополитичката смисла, што ја промовираше синтагмата “заробениот ум” (Чеслав Милош), туку, пред сè, во поглед на буквалното ослободување на умот, од робувањето кон готовите и крути, културолошки, но, исто така, и епистемолошки стереотипи.Како јазично, компаративно и општествено, Ние сме ти не нус-продукт како што обичаме да живееме со мисла на,, колонизирани" но главен атрубут на една прастара бела раса на хомо селфдеструкстуси, на антимакедонизмот и на македонизмот во една приказна-два соја од иста генетика!!
 
Во тој контекст, како подпрашање ќе се доведе Таа, есенцијалистичката, статична, базична, фиксна концепција на идентитетот, МАКЕДОН или негација, во прилог и во полза на конструктивистичката теорија за истиот тој идентитет, која, со полна свест, предупредува на тоа, дека секоја нарација за Македонија, неминовно е условена од егзистенцијалната позиција, од статусот на нејзиниот автор и раскажувач и нејзиниот подржувач и режисер и креатор и џелат....
 
Оттаму ќе заклучиме дека со подемот на пост-колонијалната критика, во современата хипокризија на битијата, само теоретскии ништо повеќе, се актуелизираат проблемите на само-идентификацијата и само-легитимизацијата, односно правото на потчинетите за здобивање со “академска гласност” во науката и во теоријата (Н. Говедиќ, 1999), потрагата по автохтоноста, само-осознавањето и само-афирмирањето, не само на културите од ткн. Трет свет; но, како што, во последно време, се случува, и иницијалните назнаки за етно-културната рехабилитација и предвреднување и на категоријата на ткн. мали народи и култури.
 
Дискурсот на пост-колонијалната еманципација, полека, но сигурно, навлегува, наоѓа свое место и репрезенти, во рамките и на македонскиот книжевен и културен простор – значи, во литературните дела, во драмите, но, исто така, и дури повеќе, во публицистиката, во новинарските есеи, и другите жанри, посебно, во колумните.
 
Сепак ова сме ние и по мене, овој феномен заслужува поголемо внимание, бидејќи, со оглед на сите свои карактеристики и показатели, тој несомнено сведочи за еманципаторските увиди на македонските интелектуалци, за нивото на постојната социо-културна самосвест, која себеси се обидува да се лоцира, во исклучително комплексното, социо-економско и социо-политичко опкружување.
 
Значи, проблемот е во НАС, МАКЕДОНИТЕ!!
 
ГОЦЕ МАРКОВ - Македонец, Човек и Автор
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.