Среда, 05 Август 2020   
Во Крушево и Пелинце нема место за оние кои го осквенавија споменот на Илинден

1abСвекрва

Во Крушево и Пелинце нема место за оние кои го осквенавија споменот на Илинден

На 2 август се чествуваше Денот на Републиката. Се празнуваа двата Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ. Без масовни собири и културно-уметнички програми, придржувајќи се на здраствените протоколи, преставниците на власта, одржаа свечани говори во Крушево, Пелинце и во Скопје. Во своите говори преставниците на власта постојано го потенцираа името Република „С“ Македонија. Со тоа тие ги навредија сите оние кои ги положија своите животи за слободна, обединета и суверена македонска држава, како и мнозинството македонски граѓани кои се против промената на името изразена на два референдуми одржани на 8.09.1991 год. и 30.09.2018 год.

На чествувањето во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, потоа на чествувањето во Скопје се обрати техничкиот премиер Оливер Спасовски, а во Крушево на Мечкин Камен се обрати потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Во сите говори чествувајќи го споменот на двата илиндени доминантно беше пренагласено името Република „С“ Македонија, иако нашите претци и во 1903 и 1944 година се бореле за цела обединета и слободна Македонија.

Познати се зборовите на најстариот делегат на АСНОМ Панко Брашнаров кој во својот говор на отварањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 год. Меѓу другото вели:

„Во овој момент, во ова историско место „Св Отец Прохор Пчињски“ и на овој историски ден – Илинден – кога објавуваме дека е отворено Првото антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполна со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековен срам од пропаста на Самуиловата држава за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

 

Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројните народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледаат идеалната дружба на старите Илинденци – на Гоце Делчев и денешните Илинденци – млада македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи – слободна, обединета Македонија...“

Името на македонската држава во рамките на Југославија од 1944 до 8 март 1946 е Демократска Федерална Македонија. Од 1946 до 1963 година накедонската држава го носи името Народна Република Македонија, за да потоа се именува Социјалистичка Република Македија. По осамостојувањето државата на македонскиот народ го носи името Република Македонија и се до Преспанскиот договор на 17 јуни 2018 година, ниту една власт не се осудува да му даде друга додавка како што е северна, горна или др.

Република Македонија од своето создавање беше сметана како пиемонт околу кој треба да се обединат останатите делови на поделената Македонија. Тоа беше земја која требаше да се грижи за македонскиот народ кој со поделбата во Букурешт 1913 година остана под окупација на соседите.

За жал Заевистите кои дојдоа со надворешна поддршка на власт се откажаа и од името и од македонскиот народ во соседтвото. Се откажаа од идентитетот, од историјата, од реките Места и Бистрица, од Самуил, а како што тргнале и од Илинден и Гоце Делчев. Исто така, петтоколонашите му го одземаат право на македонскиот народ дека е автохтон, а истото му го овозможува на едно малцинство, кое во даден момент целосно ќе го потисне Македонецот од неговата територија..

Оттука во Крушево и Пелинце немаше место за оние кои го осквернавија споменот на Илинден.Вадината делегација во Крушево на Мечкин Камен беше исвиркана од малубројните посетители кои извикуваа „Македонија, Македонија“, „Никогаш северна, само Македонија“ и „Ова е место за херои, а не за предавници“.

Едноставно, на ден Илинден 1903 година македонскиот народ се крена на востание и гинеше за ослободување на Македонија, а не само за „С“ Македонија, која преставниците на власта не ја вадеа од уста во своите говори. Тоа е уште едно понижување на Македонецот и газање врз коските на нашите претци загинати за слобода на Македонија.

Преставниците на сегашните власти предводени од лидерот на СДС Зоран Заев, го изневерија сопствениот народ и ги погазија идеалите на учесниците на двата Илиндени. Тие ги изневерија и Македонците кои на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа за независна и суверена Република Македонија. И тие денес наместо да кажуваат празни фрази, треба за сите навреди, за целото понижување кои им го приредија да побараат прошка од сопствениот македонски народ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.