|
|
Прочитани лагите на Бошко Буха |
Рубинчо Видое Јованоски Со пригодна свеченост, под строги здравствени протоколи, поради ширењето на корона вирусот (Ковид-19), интонирање на химната на Република Македонија, гости од македонскиот политички естаблишмент и дипломатскиот кор, присутен во нашата земја, во вторникот (4 август), во големата собраниска сала под куполата на законодавниот дом, се одржа првата конститутивна седница на 10-от парламентарен состав во нашата мила и низ векови напатена држава. Веднаш, на прв поглед се констатира дека не е постигнато парламентарно мнозинство, од причини што не се изгласа нов спикер во законодавниот дом, него само се направи верификација на старо-нови и нови парламентарци. Во оваа прилика само да се потсетиме на резултатите од 10-те парламентарни избори кои се одржаа на 15-ти јули, а кои всушност беа 5-ти по ред вонредни парламентарни избори. СДСМ заедно со БЕСА освоија 46 мандати, ВМРО ДПМНЕ - 44, ДУИ - 15, Алијанса на албанците 4, Алтернатива 12, Левица на професорот Апасиев освои 2 пратенички мандати и ДПА на Мендух Тачи со еден пратенички мандат. На прв поглед со овие постигнати резултати сегашната актуелна позиција (СДСМ и ДУИ) може да опстои со 61 пратеник, доволен за формирање на влада. Но, да се потсетиме дека за време на пред изборната кампања овие 2 политички субјекти се упатуваа гумени куршуми едни на други, оти бомбите од зајчето се многу опасни, но за жал, без “фитил“. Едните нагласуваа, а тоа, беше СДСМ дека на ДУИ дојдено и е времето да оди во опозиција, но Али Ахмети и неговите поданици настапија по секоја цена по изборите премиерското столче да биде за личност од албанскиот политички табор, поточно во името на Насер Зибери. Сега на бомбашот од Муртино, алијас Зоки Поки му гори под нозете. Во јавноста се лиферуваше информацијата дека може да се оди со ротирачки премиери, и тоа првата варијанта 2 со 2 годинии втора варијанта 3 години премиер македонец и една година премиер албанец. Но, ВМРО ДПМНЕ од позиција на своите 44 мандати, плус 12 од Алијанса на албанците и алтернатива, 4 од беса пратенички мандати и едниот мандат на ДПА да дојде до 61 пратеник. Но, ова се математики од обичниот електорат и од политичките кулоари. Дали Зоки - Поки евтино ќе ја продаде зајчевата кожа останува да видиме до крајот на тековниот месец. Просто се сомневам, од причини што лагите на Зоран Заев кои немаат крај се прочитани од неговиот актуелен коалиционен партнер од една и политичките опоненти од друга страна. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |