|
|
Александар Џеповски : ПОМАГАЈ БОЖЕ ПРЕД ДА ТИ СЕ РАСТУРИ СТАДОТО |
Александар Џеповски ПОМАГАЈ БОЖЕ ПРЕД ДА ТИ СЕ РАСтУРИ СТАДОТО Дали Нас Македонците ни треба Премиер или голем стап? Па да земе некој или Горниот со стап да не тепа се додека не ни дојде паметот па тогаш да имаме Премиер! Оваа трагикомедија е возможна само кај Нас Македоците. Никој до сега не праша дали тој што се нуди за Премиер е добар човек кој ќе донесе барем некоја достојна живеачка за сите и правда од криминалците и сите рекети. Сите одма реагираат зошто Албанец, зошто овој, оној и крај нема. Од мое лично искуство, неколку пати кога сум бил во ситуација да ми треба финансиска помош или било кој друг проблрм, секогаш без збор со големо достоинство и почит сум добивал од Албанци и она најчовечкото - треба ли уште и вратата ти е секогаш отворена кај нас за било што. Како сум поминал кај нашите? Сум им помогнал многу од сите страни и аспекти а за возврат позади грб ме оговараа дека сум будала, пијаница, коцкар и дури поради презимето Џеповски ме правеа дека сум од Шутка и роднина на Есма Реџепова. Сето тоа со насмевка го преживеав. Прашањето и проблемот со Премиер е поголемо и премногу болно за сите Нас затоа што не знаеме како да истраеме и работиме плански и со подобар коефициент на култура. Не е важно кој е Премиер,туку што нуди и со кои механизми ќе го вратиме на колосек ако и малку скршне од патот на ветеното. Единствено нешто што ни преостанува е да ни дојде памет и да избереме нешто реално добро за сите, Да му се погоди на секој еден нема шанси и мораме да голтаме и кнедли ако е во интерес на сите воопшто а не за свој џеб. Се разбира, без криминалци, рекетари и луѓе со нечист образ. Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но сепак секогаш станувала цврсто на нозе! МАКЕДОНИЈА ИЗДРЖАЛА МНОГУ ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ИЛЈАДА ГОДИНИ ПА ЌЕ ГО ИЗДРЖИ И ОВА ШТО ПОМЕЃУ СЕБЕ ЌЕ СЕ ИЗЕДЕМЕ И НЕ ЗНАЕМЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ, СЕГА ЗА СЕГА. ПОМАГАЈ БОЖЕ ПРЕД ДА ТИ СЕ РАСУРИ СТАДОТО АМИН !!! |