Среда, 12 Август 2020   
Поскапата струја ќе удри по џепот на една третина од населението

1abСвекрва

Поскапата струја ќе удри по џепот на една третина од населението

Додека лидерот на СДСМ Зоран Заев се обидува да договори формирање на нова влада, дотогаш Македонија наместо струја извезува корона вирус. Имено, 24 од 157 патници кои пристигнале од Скопје во Финска биле позитивни на тестот за Ковид – 19.

Во последните недели во Македонија епидемијата предизвикана од корона вирусот не стивнува. И покрај мерките како што се носење маска, држење дистанца и миење на рацете, дневно се бележат и троцифрени бројки на заболени. Тоа значи дека сеуште има луѓе кои озбилно не ја свќаат заканата од Ковид 19 и не ги почитуваат мерките.

И наместо сегашните власти да превземат поригорозни мерки за да се спречи ширењето на вирусот, тие не само што е превземаат по ригорозни казнени мерки, туку на мала врата го дозволуваат поскапувањето на струјата само затоа што на струјаџиите им се нали извозот и заработивачката. Тоа ќе доведе до масовни протести и до ширење на епидемијата.

Невиден срам кои оди на товар на СДСМ. Во време кога сите очи се насочени кон формирањето на нова Влада, Регулаторната комисија за енергетика на мала врата дозволи големо поскапување на струјата какво што одавна не збележано.

Ова поскапување од околу 7,5 процети се случи во услови на светска пандемија, во услови кога заради корона вирусот многумина не работат, ги изгубиле работните места или им е намалена платата. Но меѓувласта без жал овозможи нова цена на струјата    која ќе доведе до политички и социјални последици.

Поскапата струја ќе удри по џепот на една третина од населението. Прво ќе дојде до ланчано поскапување во производствениот проце и на крајните производи. Така од септември цената на струјата и малопродажните цени ќе удрат по џебот на над седумсто илјади граѓани кои живеат на работ на сиромаштија.

Одлуката да се поскапи струјата не беше донесена пред избори за да не се одрази врз рејтингот на СДСМ, бидејќи зад оваа одлука мора да стои власта. Сега кога сеуште не избрана новата власт, за да се задоволи црвената елита, меѓу двете влади беше поскапена струјата за што сега лесно е да се обвини Регулаторнат комисија.

Македонија е социјална држава, но власта предводена од социјалдемократите наместо да гo штити населението, таа работи спротивно на интересите на македонскиот народ и дополнително го осиромашува.  Со тоа овозможува дополнително да го меси и да спроведува политики спротивни на народот.

Поради поскапувањето на струјата веќе почнаа протести. И покрај пандемијата тие ќе станат се помасовни доколку цената на струјата не се врати на старата цена. Излегувањето на населението на улица каде не се води сметка за социјална дистанца уште повеќе ќе го зголеми и бројот на заболени од корона вирусот. Затоа е потребно власта и Регулаторната комисија за енергетика заедно под интно да ја намалат цената на струјата и да ги избегнат неасаканите последици.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.